13.8 C
Скопје
23:53 - 27 септември, 2026

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Успешно имплементирана првата реверзна протеза на рамо во Клиника „Жан Митрев“

Во Клиника „Жан Митрев“ за првпат е успешно изведена операција со имплантација на реверзна тотална протеза на рамо, напредна хируршка техника што претставува значаен чекор напред во третманот на сложени состојби на рамениот зглоб.

Оваа интервенција е наменета за пациенти кај кои болката и ограничената подвижност на рамото значително го нарушуваат квалитетот на живот, особено во случаи кога традиционалните хируршки методи имаат ограничен ефект. Најчесто станува збор за пациенти со тежок артритис на рамото во комбинација со оштетена или нефункционална ротаторна манжетна, како и кај сложени скршеници на рамениот зглоб кај кои не е можно класично хируршко третирање со остеосинтеза.

Реверзната тотална протеза на рамо се разликува од стандардната анатомска протеза по начинот на поставување на нејзините компоненти. Кај оваа техника се менува природната анатомија на зглобот, при што заоблениот дел од протезата се поставува на страната на лопатката, додека на страната на надлактицата се поставува полиетиленска компонента. Оваа промена во биомеханиката овозможува функцијата на рамото да се преземе од други мускулни групи, што е од особено значење кај пациенти кај кои ротаторната манжетна е сериозно оштетена или недостасува.
Благодарение на овој пристап, пациентите добиваат можност повторно да ги изведуваат основните движења на раката и значително да ја намалат болката, дури и во случаи кога претходно движењето било речиси невозможно.

„Оваа процедура е наменета токму за пациенти кај кои ротаторната манжетна е сериозно оштетена или нефункционална. Со неа овозможуваме значително намалување на болката и враќање на подвижноста, што директно влијае врз квалитетот на живот“, објаснува д-р Ненад Петков, ортопедски хирург специјализиран за хирургија на рамо, кој заедно со својот тим ја изведе интервенцијата.

Операцијата е изведена со користење на современ софтвер за предоперативно планирање и 5D виртуелна навигација, што овозможува детална подготовка и висока прецизност при имплантацијата, со минимален простор за грешка.

По операцијата, пациентите остануваат кратко во болница и се отпуштаат на домашна нега веќе следниот ден. Раната мобилизација е клучен дел од закрепнувањето, па пациентите се охрабруваат да започнат со лесни активности уште во првиот постоперативен период, што овозможува побрзо враќање во секојдневните активности.

Имплантацијата на реверзна протеза на рамо претставува современо и ефикасно решение за третман на комплексни ортопедски состојби и нова можност за пациентите повторно да се движат без болка и со подобар квалитет на живот.

Д-р Ненад Петков
Специјалист по ортопедија
Супспецијалист по трауматологија

Слични објави

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо
Се вчитува....