20:47 - 7 ноември, 2026

Мис Бугарија со нова улога – станува продуцентка и актерка во првиот филм направен со вештачка интелигенција

Поранешната Мис Бугарија 2020, Венцислава Тафкова, направи неочекуван и храбар чекор во својата кариера. Убавицата, која публиката е навикната да ја гледа пред објективите, сега се сели зад камерата со проект кој е прв од ваков вид во регионот.

Тафкова ја презема улогата на продуцент на првиот филм реализиран со помош на вештачка интелигенција (ВИ), посветен на познатиот архитектонски локалитет – „Вила Армира“, кој е прогласен за „Зграда на годината за 2025“. Покрај продуцентската палка, таа ја толкува и една од главните улоги во оваа необична продукција.

На социјалните мрежи веќе се појавија првите фотографии кои најавуваат сосема поинаква визија на мисицата. Далеку од нејзиниот модерен имиџ, Тафкова влегува во античкиот свет изгледајќи како грчка божица. Иако деталите за нејзината улога сè уште се чуваат во тајност, најавата предизвика огромен интерес кај јавноста.

Зад реализацијата на овој проект стои познатиот режисер Луси Иларионов. Идејата е преку најсовремени технолошки средства да се „оживее“ еден од најзначајните културно-историски споменици и да му се даде нова димензија преку вештачката интелигенција.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....