12:50 - 12 април, 2026

(ФОТО) ЕМИЛИЈА РОЗМАН го прослави 30-тиот РОДЕНДЕН како КРАЛИЦА: Хари Потер торта, многу балони и забава со најсаканите!

Познатата манекенка и сопственичка на приватен бизнис Емилија Розман, на социјалните мрежи сподели фотографии од роденденската прослава. Манекенката го прослави својот 30-ти роденден како вистинска кралица.

Познатата убавица постојана го привлекува вниманието на јавноста со нејзината ексцентричност, харизма, искреност, но и хуманост. Пошироката јавност ја знае по бројните модни ангажмани, а пред некоја година стана позната и по одлуката да стапи во брак со момче кое го познаваше помалку од 24 часа. Брачниот живот не траеше долго, но беше големо искуство за манекенката.

Емилија по повод роденденот заблеска во бајковит фустан, а на нејзината глава светкаше прекрасна кралска круна. Роденденската забава беше во кругот на најбликите пријатели, а целиот амбиент беше бајковит.

Многу балони, магична торта со ликот на Хари Потер и прекрасна декорација креирана од Емилија и нејзиниот тим вработени.

Дел од атмосферата Розман ја сподели со своите фанови на социјалните мрежи, а нејзиниот кралски изглед го привлече вниманието на бројните следнебници на манекенката.

Слични објави

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.
Се вчитува....