17.8 C
Скопје
21:36 - 1 мај, 2024

Поранешна ШПИОНКА НА ПУТИН проговори: Имавме СПЕЦИЈАЛНИ СЕКСУАЛНИ ТРЕНИНЗИ, нѐ учеа како да заведуваме и да манипулираме со луѓето

„На воената академија се запишав на 18 години. Војската е важна работа во моето семејство. Кратко по доаѓањето ме испратија на дополнително образование. Таму ме научија како да заведувам и да манипулирам“, ја започнува својата приказна 37-годишната Русинката Алија Роза.

Како во најлудиот шпионски филм што сте го гледале, напишаа од порталот „Сан“ по разговорот со Русинката Алија. Оваа млада дама тврди дека на 18 години се запишала на воената академија во Москва каде што неколку години се обучувала за шпион, а потоа ја испратиле на терен.

-Дедо ми беше наградуван за учеството во Втората светска војна. Тој е еден од хероите на нашиот народ. Војската отсекогаш имала големо значење за моето семејство – кажа Алија и додаде:

-На воената обука ги научив основите на боречките вештини, тестирањата, како и ракувањето со оружје. Потоа работев како агент во акции против трговија со луѓе и дрога. После тоа, јас и неколку девојки бевме повикани на специјална обука – вели Алија, која сега работи како ПР агент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roza 🌹 (@aliiaroza)

-Таму не учеа како да заведуваме и да манипулираме со луѓето. Имавме и специјални сексуални тренинзи, не во вид на прирачници или книги, туку ни покажуваа во пракса како да ги извршуваме акциите. Нѐ учеа како да го искористиме нашиот изглед за да извлечеме што е можно повеќе информации од личноста за која сме заинтересирани. Сексот е многу важен во тоа. Ако сте успешни во заведувањето, но кога ќе дојдете во кревет „се губите“, мажот никогаш нема да ви ги открие тајните по кои сте дошле – заклучува Алија.

Таа раскажува и како избегала од Русија откако мафијашите, чиј водач се вљубил во неа, се обиделе да ја убијат. Се инфилтрирала во криминална група и по неколку акции се нашла на мета на гангстери. Затоа морала да го смени името.

Бидејќи и самата ја поминала обуката за шпиони, смета дека знае што има во главата на рускиот претседател Владимир Путин.

-Најважната работа е што живееме двојни животи. Ако ве пратат, на пример, да глумите учител некаде, станувате учител. Само така, кога човек е целосно навлезен, акцијата може да биде успешна. Погледнете ги фотографиите на Путин. Јава коњ без маица, лови риба, нурка… Како Џејмс Бонд. Тоа е бренд. Сите Руси сакаат да бидат такви. Луѓето го почитуваат и му се восхитуваат. А како се постигнува тоа, се учи во воените школи за тајни агенти – додава Алија.

Таа вели дека има роднини во Русија, но е против војната. Иако сподели дел од своите фотографии од сервисот, новинарите не успеаја да ги проверат сите наводи на атрактивната Русинка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roza 🌹 (@aliiaroza)

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....