01:17 - 5 април, 2026

(ФОТО) Елена Ристеска прогласена за личност на годината во светот на поп музиката во Србија

елена ристеска

Уште од моментот кога се појави на македонската музичка сцена, Елена Ристеска важи за ѕвезда која остана доследна на својот талент и стил.

Нашата популарна пејачка на својот инстаграм-профил сподели убав момент со своите пријатели и обожаватели.

Имено, Елена вчера ја примила наградата „Личност на годината во светот на поп музиката“ во Србија. Еве што напиша таа:

„Вчера бев прогласена за „Личност на годината во светот на поп музиката” и се закитив со уште една статуетка или награда како една од 7-те жени наградени од разни области во Сокобања, Србија. Уште една награда на моите полици дома меѓутоа уште една сатисфакција и спомен во моето срце и уште едно признание за овие 19 години музичка кариера. За жал, во мојата земја сè помалку постојат меродавни манифестации за успесите на јавните личности. Како и да е, сите награди ми се значајни особено оние кои доаѓаат од странство, тоа е знак дека добро ја претставувам својата земја Македонија насекаде во светот“.

 

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....