16:59 - 11 ноември, 2026

ШАФРАНООРИЗНИ ЗОРИ ВО КОСТИН ДОЛ: Ратко ни открива како се одгледува најскапиот зачин на светот

Шафранот е медитеранско растение, прекрасен виолетов цвет од кој се издвојува „црвеното злато“, најскапиот и луксузен зачин на светот со чиј деликатен вкус се зачинуваат само посебните јадење, се разбира освен, ако не ви е дома, па да го користите во јадењето секој ден како господинот Ратко Захариевски од Костин Дол.

Во разговорот со Ратко за овој скапоцен цвет, тој ни откри дека го донел расадот од Холандија, по идеја на неговите деца и дека за негово одлгедување не треба посебни услови.

„Садиште како кромид, кое не е тешко за работа. Се заработува добро и не бара никакви услови, не треба ниту ѓубрива“, вели одгледувачот.

Дали Македонија има погодна клима и суви почви за одгледување на растението од кое се добива шафранот?

– Шафронот се работи еден месец во годината, цвета краток период. Почнуваме од 20 октомври. Секој ден имам по 8 работниЦИ,

се бере на нива, поТОА се чисти правот од прашниците и се суши во сушара по 8 часа и се става во тегли.

Шафранот може да стои до 7 години на темно место.

Инаку, Ратко е првиот и единствениот производител на „црвеното злато“ во Македонија и најчесто својот производ го пласира во странство.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

фото: приватна архива
фото: приватна архива
фото: приватна архива
фото: приватна архива
фото: приватна архива

 

фото: приватна архива

Слични објави

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо
Се вчитува....