09:14 - 16 ноември, 2026

(ВИДЕО) КРАЛИЦАТА НА БОЖИЌНАТА ЕУФОРИЈА: Мараја Кери објави нов божиќен хит

мараја кери

Овој период од годината е резервиран за дивата, поради чии хитови уште повеќе се радуваме на Божиќните празници.

Тешко е да се поверува дека „All I Want For Christimas Is You“ датира од 1994 година, и е исто популарна како и пред 27 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey)

Мараја сега повторно си ја проба среќата и во соработка со Калид и Кирк Френклин ја објави песната „Fall in Love at Christmas“.

И додека ги слушаме Мараја и Калид како пеат за вљубувањето во семеен празничен дух, следниот момент Френклин нè носи во црква потсетувајќи нè на моќта на вербата и колку ни е потребна истата за да ги излечиме нашите срца.

Во видеото на оваа симпатична убовна балада се појавуваат и децата на пејачката, како и нејзиното куче.

Иако „All I Want For Christimas Is You“ е на некој начин химната на Божиќ, не се сомневаме дека новата песна на Мараја ќе ја вклучиме меѓу нашите омилени празнични хитови.

Слични објави

(Фото) Вистинска дама — Ирена Спировска блесна во маслинесто-златна тоалета со кристали на „Фолк фест Роса“

К.С.

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.
Се вчитува....