5.8 C
Скопје
02:09 - 1 април, 2026

(ФОТО) ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ГИТАРИСТИ ВО ИСТОРИЈАТА ИМА ДОКТОРАТ ПО АСТРОФИЗИКА: Астероид го носи неговото име!

Брајан Меј е еден од најдобрите гитаристи на сите времиња. Од 1968 до 1991 година Меј свиреше во легендарниот бенд „Queen“, а притоа ги напиша хитови како „We Will Rock You“, „Flash“, „Who Wants to Live Forever“ и „Too Much Love Will Kill You“. Покрај славата и огромните ангажмани со бендот Брајан редовно полагал испити на познатиот „Imperial College“ во Лондон, каде студирал физика и математика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brian Harold May (@brianmayforreal)


Дипломирал во 1968 година, како најдобар во својата генерација, по што пишувал статии за научни списанија и вршел набљудувања во опсерваторијата на Тенерифе, а во 2007 година докторирал по астрофизика на тема „Рефлексија на светлината од меѓупланетарната прашина на Сончевиот систем“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by gEt OFF mY tRoUsErS (@mafairykings)


За да ја приближи сложената материја до мирјаните, во соработка со колегите Патрик Мур и Крис Линтот, ја напиша книгата „Големата експлозија: Целата историја на вселената“, за која добил бројни награди. Тој со години работи како гостин – предавач на Универзитетот Џон Мур во Ливерпул, а за тоа колкава репутација ужива во академските кругови најдобро говори фактот дека астероидот 62665, откриен во 2008 година, го добил неговото име.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brian Harold May (@brianmayforreal)


Природните науки и музиката не се единствените домени во кои тој се истакнува. Имено, Меј е голем познавач на британската историја, а целата соба во неговиот дом е полна со книги од тој период. Покрај тоа, тој објави голем број научни написи од областа на географијата, а минатата година, на неговиот седумдесет и втор роденден, Брајан беше награден со медал на Кралското канадско географско друштво, за неговиот придонес во популаризацијата на науката.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....