04:05 - 11 април, 2026

(ФОТО) ЏЕНИФЕР АНИСТОН со МОЌНА ПОРАКА до СИТЕ УКРАИНКИ: Вие сте единствени и целиот свет е со вас!

Холивудските ѕвезди не молчат кога е во прашање ситуацијата во Украина. Американската актерка и продуцентка, Џенифер Анистон, пред да дена, точно на Меѓунарoдниот ден на жената објави емотивна честитка упатена за сите силни жени во Украина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

„Размислувајќи за жените и девојките во Украина, но и за остатокот од светот кои херојски се борат за својата земја и народ – како воини, мајки, организатори, згрижувачи на бегалци, како демонстранти, како новинари. Испраќам порака до оние жени кои ги ризикуваат своите животи во Украина и соседните земји, вие сте единствени и целиот свет е со вас“, напиша Анистон во својата објава по повод Денот на жените.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

„Знам дека е многу тешко да се сфати најдобриот начин да се помогне и да се поддржи, па затоа собирам некои од начините за поддршка на овие жени преку донации“, додаде актерката.

Покрај холивудските и многу од руските ѕвезди се побунија против системот. Академици, но и млади „инфлуенсери“, прочуени телевизиски личности се гласни и бараат да се изгаси огнот од почетокот на конфликтот.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....