7.6 C
Скопје
11:30 - 19 февруари, 2026

(ФОТО) ЏЕЈМИ ЛИ КЕРТИС ЈА ПРЕТСТАВУВА ТРАНСРОДОВАТА ЌЕРКА ВО НОВО ИНТЕРВЈУ: Ова е Руби

Минатата година, Томас – синот на Џејми Ли Кертис, сподели дека е трансродово лице и сега е ќерката – Руби. Двете во интервју за списанието „People“ прв пат зборуваат јавно за искуството со промената на полот.

„Беше страшно – самиот факт што имам да им кажам нешто за мене што не го знаеја. Беше застрашувачки – но јас не бев загрижена. Тие ме прифаќаат цел живот“, вели Руби.

„Ова е зборување на нов јазик“, вели Џејми. „Учење нова терминологија и зборови. Јас сум нова во тоа. Не сум некоја што се преправа дека знае многу за тоа. И ќе правам грешки. Би сакала да се обидам да не правам големи грешки“.

џејми ли кертис томас руби
фото: EPA/MICHAEL NELSON

Џејми Ли вели дека научила неколку работи: „Малку го успоруваш говорот. Стануваш малку повнимателна за она што го кажуваш. Како го кажуваш тоа. Сè уште се збркувам, денес веќе двапати се збркав. Луѓе сме“.

„Кога имав околу 16 години, еден мој пријател кој е транс ме праша кој е мојот пол. Им реков: Па, јас сум маж. Но, потоа размислував. Знаев дека сум – можеби не Руби сама по себе, но знаев дека сум поинаков. Потоа, седум години подоцна, сè уште Том во тоа време, му реков на лицето кое сега е мој свршеник дека веројатно сум транс. И тие рекоа: Те сакам таков каков што си“, вели Руби за излегувањето вон ѕидовите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@curtisleejamie)

„Името Том веќе не се вклопува. Тоа, се разбира, беше најтешката работа. Само зборот. Името што сте му го дале на детето. Кое го кажуваш цел живот. Се разбира, на почетокот тоа беше предизвикот. Потоа заменката. Мојот сопруг и јас сè уште грешиме повремено“, се надоврзува Џејми.

„Ова е искуството на нашето семејство и моја работа е да ја поддржувам Руби“, заклучува актерката.

 

Слични објави

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо
Се вчитува....