08:25 - 16 ноември, 2026

АДЕЛ Е СРЕЌНА: Британската пејачка и американскиот спортски агент веќе не ја кријат својата љубов

адел, рич пол

За нивната врска почна да се зборува уште во мај оваа година, но дури сега, откако јавно прозборе за љубовта со спортскиот агент Рич Пол во интервју за „Вог“, Адел е подготвена ужива во уживотот и сите благодети како никогаш досега.

АДЕЛ ЗА ДРАСТИЧНАТА ПРОМЕНА , РАСПАДОТ НА БРАКОТ И НОВАТА ЉУБОВ: Се појави на две насловни на „Вог“

По повод објавувањето на новата песна, а потоа и албумот, по долга пауза, 33-годишната британска пејачка проговори и за својата нова љубов, која ѝ се случи по разводот, во Америка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by StyleVoguette (@stylevoguette_)

И дека Адел е вљубена „до уши“ во 39-годишниот спортски агент Рич Пол, покажуваат и новите фотографии кои се појавија на социјалните мрежи од кошаркарскиот центар „Стејплс“ во Лос Анџелес, каде што се играше натпреварот помеѓу ЛА Лејкерс и Голден Стејт Вориорс.

(ВИДЕО) АДЕЛ СЕ ВРАЌА ПОСИЛНА ОД КОГА БИЛО: Со новата песна „Easy On Me“ го расплака целиот свет

Ниту поразот од омилениот домашен тим не го намали нивното добро расположение, а Адел блескаше седејќи покрај нејзиниот нов партнер. Облечена во кожени тесни кафени панталони и топ од сличен материјал и боја со длабоко деколте, Адел уште еднаш ја истакна својата витка фигура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by portaladelebr (@portaladelebr)

А наместо чевли со вртоглаво високи потпетици, за оваа пригода Адел одбрала шилести балетанки. Комбинацијата ја надополнила со капут прошаран со логото на Луј Витон.

За потсетување, за нивната врска започна да се зборува уште во мај, но на почетокот парот вешто се криеше од очите на јавноста, па затоа папараците имаа многу тешка задача. Но, сега Адел јасно стави до знаење дека нема повеќе намера да се крие, а колку е среќна, откри насмевката на нејзиното лице.

Слични објави

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.
Се вчитува....