5.8 C
Скопје
02:30 - 1 април, 2026

(ФОТО) БИБА ДОДЕВА објави „СЕЛФИ“ со СОПРУГОТ: Срѓан е нејзина љубов од 2011 година, но тогаш не им било судено!

Нашата позната пејачка и претседателка на здружението за борба против рак „Борка“, Биба Додева, еден ден по својот 47 – ми роденден повторно заплива во брачните води.

Облечена во елегантен црн комбинезон држејќи во раката прекрасен колоритен бидермаер пејачката повторно го изговори судбоносното „ДА“ и се заколна на вечна љубов, пред своите најблиски на интимна церемонија.

Фото: Принтскрин / Facebook – Ана Бунтевска

Пејачката стапи во брат со својот сакан Срѓан. Биба за Женски Магазин откри детали како започнала нивната љубовна приказна:

„Ние сме си љубов од 2011 година. Не ни беше судено тогаш. Пак се пронајдовме, и љубовта продолжи како никогаш да немала прекин. Едноставно не ми се верува дека има среќичка и за мене на тоа поле. Пресреќни сме. Ова е само уште еден убав доказ дека сепак од она што ти е судено не се бега, па кога е вистинско време, тогаш и ќе ти дојде во животот“ – изјави пејачката за Женски Магазин.

Фото: Принтскрин / Facebook

Свадбената прослава се случи во „Бифе Тафталиџе“, каде Биба и Срѓан се заколнаа на вечна љубов. Иако Биба е јавна личност нејзиниот сопруг не сака да се експонира.

Пејачката многу ретко откриваше детали од својот приватен живот во текот на својата кариера држејќи ги семејството и саканите далеку од очите на јавноста. Биба од својот прв брак ја има ќерката Емануела, која пред скоро пет години и го подари внукот Хумберто Александар.

Фото: Принтскрин / Facebook

Првата свадбена фотографија која се појави на социјалните мрежи од свадбената прослава ја објави долгогодишната пријателка на пејачката, писателката на Ана Бунтевска.

„БИБО МОЈА, ВИ ПОСАКУВАМ ВЕЧНА ЉУБОВ. ДА СЕ ЧУВАТЕ И ДА СИ БИДЕТЕ СТОЛБ ЕДЕН НА ДРУГ. ДУШАВА ПОЛНА“, НАПИША ПОЕТЕСАТА НА СВОЈОТ ФЕЈСБУК – ПРОФИЛ.

Само неколку дена по свадбената прослава Биба го објави и првото селфи со својот сопруг.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....