22:53 - 22 декември, 2024

Стивен Кинг со тешки обвиненија: Доделувањето на Оскарите е местенка!

Славниот писател Стивен Кинг ги повлече своите контроверзни коментари за различностите и церомонијата за доделување на Оскари. Во подолг есеј кој го напиша за „Вашингтон Пост“, тој тврди дека Оскарите се наместени во корист на белците.

Кинг беше во можност да номинира филмови во три категории: најдобар филм, адаптирано сценарио и оригинално сценарио, па во таа прилика го прокоментира признанието за жените и уметниците од црната раса на овогодинешното доделување на Оскарите.

Кога гласам за одредено остварување како член на Филмската академија, половата и расна разлика воопшто не ја земам предвид. Само квалитетот. Сметам дека секој друг начин е погрешен“, напиша Кинг на Твитер, по што следуваа повеќе реакции.

„По ѓаволите Стивен, по ѓаволите. Мислев дека си подобар од ова. Требаше да биде очигледно дека различноста и квалитетот не се две одвоени особини, ниту се спротиставуваат една со друга. Освен, можеби, во главата на фанатиците“, објави на Твитер Нора К. Џејмсин, авторка на „Петтото годишно време“.

Фото: Принтскрин

Со неа се согласиле многумина, по што Кинг објавил уште еден твитза да ја објасни својата точка на гледање на работите:

„Најважната работа која ние како уметници и креативци можеме да ја направиме е да се потрудиме секој да има еднакви шанси, без разлика на полот, бојата и ориентацијата. Моментално таквите луѓе се погрешно сфатени, не само во уметноста. Не можете да освоите награда, доколку сте исклучени од трката за истата“.

Познатиот автор на хорори во есејот истакнал дека неговите пораки се извадени од контекст.

Тој вусшност рекол дека оние кои одлучуваат за доделувањето на наградите, би требало да бидат слепи за било какви разлики меѓу уметниците.

Писателот тврди оти не рекол дека филмовите, романите, претставите и музичките дела кои се фокусирани на различноста или нееднаквоста не можат да бидат дело на креативен гениј.

Кинг есејот го продолжил со својата првобитна теза за тоа дека „судиите треба да бидат слепи, но дека ова не е совршен свет, бидејќи играта е наместена за белците да победат“.

Фото: Принтскрин

Стивен акцентот го ставил на демографски нашминканиот процент на различните гласачи за Оскарите: 32 отсто се жни и само 16 отсто се од малцинските групи.

– Оценувањето на работата според кој било друг стандард освен непристрасност, ја поткопува работата на сите уметници. Ние не живееме со совршен свет, а овогодинешните номинации за Оскари уште еднаш тоа го потврдуваат. Можеби еден ден ќе можеме? Можам да сонувам, зар не? На крајот на краиштата, измислувам приказни за да заработам за живот – истакнал Кинг.

По објавувањето на номинациите за Оскар за оваа година, на социјалните мрежи се појави и хаштагот #OscarsSoMale, со бројни критики поради тоа што режисерките масовни се исклучени од потесниот избор за најпрестижните филмски награди. 

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....