13.8 C
Скопје
15:53 - 18 април, 2024

Шон Конери е избран за најдобриот Џејмс Бонд во историјата (ФОТО)

За многумина очекувано, Шон Конери (89) победи во новото истражување спроведено од „Радио тајмс“, со цел да открие кој од актерите најдобро го отелотвори најпознатиот светски таен агент 007. Резултатот не нѐ изненади, но дали вие би го поддржале мнозинството гласачи?

Уникатен Бонд

Најдобриот таен агент 007 досега е Шон Конери, кој умее толку специфично да каже „с“, кое на негов начин звучи како шармантно „ш“.

Шон Конери во „You Only Live Twice“, 1967/Instagram

На второто место е Тимоти Далтон, иако глумел во само два филма на Бонд, додека Пирс Броснан е на третото место. Патем, Конери беше избран меѓу шест актери, а потоа најдобрите тројца завршија во финалниот избор. Веќе во првиот круг од анкетата, во која беше применет комплициран систем на гласање, Конери го презеде водството со 56 отсто од гласовите. Во последниот круг на гласањето, Тимоти Далтон освои 32 отсто гласови, Конери 44, а Пирс Броснан 23 отсто.

Тимоти Далтон на сетот на „Џејмс Бонд“/Instagram

На четвртото место се најде сер Роџер Мур, за кого се претпоставуваше дека е голем фаворит на публиката, потоа сегашниот Бонд, Даниел Крејг, и со најмалку гласови Џорџ Лејзенби.

Конери често се смета за уникатен агент 007, не само затоа што тој прв ја одигра оваа улога во 1962 година во филмот „Д-р Но“, туку и поради неговата вештина толку шармантно да ја крене веѓата.

Шон Конери и Урсула Андрес во „Dr. No”, 1962 /Profimedia

Седумпати во улогата на 007

Јан Флеминг, на чии книги се заснована филмскиот серијал за Џејмс Бонд, првично го фаворизирал Кери Грант за улогата, но се загреал за Конери кога се уверил дека филмот постигнал голем комерцијален успех. Патувањето на Конери траеше вкупно низ седум филма за Бонд – „Доктор Но“, „Се живее само двапати“, „Од Русија со љубов“, „Тандербол“, „Дијамантите се вечни“, „Голдфингер“ и „Никогаш не вели никогаш“.

Даниел Крејг, покрај тоа што е сегашен Бонд, исто така држи рекорд, бидејќи веќе 14 години е во овој лик, иако тоа е последица на фактот дека имаше многу подолги паузи помеѓу неговите пет филма.

Даниел Крејг во SPECTRE, 2015/Instagram

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....