16:30 - 2 април, 2026

Познатиот актер пропуштил шанса за улога во „Once upon a time in Hollywood“: Беше катастрофално, бев многу лош!

Ѕвездата на серијалот без кој не може да се замисли ниту едно детство, „Home alone“, Меколи Калкин (39), откри дека учествувал на аудицијата за филмот на Квентин Тарантино, „Once upon a time in Hollywood“, како и дека тој негов обид да добие улога поминал катастрофално.

Во интервју за „Esquire“, Калкин рече дека имал прилика да се најде рамо до рамо со Леонардо Дикаприо и Бред Пит, доколку работите се одвиле само малку поинаку.

Фото: Профимедиа

Беше катастрофално. Ниту самиот на себеси не би си дал улога по тоа што се случи. Генерално сум лош на аудициите, но ова е прва на која учествував по осум години – објасни актерот.

„Once upon a time in Hollywood“ на неодамнешното доделување на Оскарите освои две награди, за машка споредна улога (Бред Пит), како и за сценографија.

Последниот филм во кој Меколи се појави беше „Changeland“ од 2019 година, a тој вели дека неговата последна улога била освежувачка промена.

Без разлика на тоа колку се однесувам како старец, убаво е да се вратам и повторно да глумам – истакна Калкин и потоа објасни зошто не е толку присутен во шоубизнисот.

Луѓето претпоставуваат дека сум луд и чуден. Но, се до последните две години не ни сакав да бидам дел од тој свет. Така што можам тоа да го разберам – порача Калкин.

Слични објави

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova
Се вчитува....