Актерката Клер Дејнс неодамна во едно интервју откри дека ја одбила главната улога во еден од најпознатите филмски класици – „Титаник“.
– Мислам дека улогата ми беше понудена, не сум сосема сигурна. Конкуренцијата беше голема – рекла актерката.
Дејнс и Дикаприо глумеа заедно во филмот „Ромео и Јулија“ од 1996 година, снимен малку пред да започне продукцијата на „Титаник“.
Дејнс раскажува и за тоа дека Дикаприо имал дилема дали воопшто да ја прифати улогата во „Титаник“.
– Во еден момент само ме погледна и рече: „Ќе го направам тоа! Ќе го направам тоа!“. Сепак, забележав дека не е толку сигурен. Го погледнав и му реков – „Целосно те разбирам зошто си се одлучил на тоа. Јас се уште не сум подготвена“ – раскажува актерката.
И покрај сѐ, Дејнс истакнува дека ниту малку не се кае поради тоа што не била дел од мегапопуларниот „Титаник“, посебно откако видела на кој начин се однесуваат луѓето кон Дикаприо откако стана познат, пишува Фокс Њуз.
– Чувствував како да сум многу блиску до такво ниво на слава, но тоа едноставно не можев да го поднесам, ниту пак сакав – заклучила актерката.
Клер Дејнс денеска е најпозната по улогата во серијата „Татковина“, а главната улога во „Титаник“, секако, отиде во рацете на Кејт Винслет.