3.8 C
Скопје
23:27 - 20 декември, 2024

Голема тајна на славните режисери: Зошто ликовите во филмовите пијат млеко и која порака ни ја испраќаат?

Работите кои се случуваат во филмовите никогаш не се случајни, пишува Брајт сајд. Секој, па дури и најситниот детаљ си има некое значење, а тоа посебно се гледа кога приказната ќе се појави на сцена.

На пример, ако треба да се долови силен карактер на некој лик, тогаш тој ќе пие некој жесток пијалак, како виски.

Сепак, често гледаме ликови кои пијат млеко, а во филмскиот за тоа постои посебен назив познат како „ефект на млекото“.

Во продолжение прочитајте што порачуваат режисерите со овој детаљ:

1. Кога возрасна личност пие млеко, тоа значи дека има невина душа

Можеби и најпознатиот филмски лик кој сака да пие млеко е убиецот Леон од истоимениот филм на режисерот Лук Бесон. Овде постои некој вид на несогласување, кога професионален убиец пие млеко, кое обично се поврзува со чистота и детство. Меѓутоа, токму во тоа лежи скриената најава која режисерот ни ја дава: Неговиот лик одвнатре е се уште дете и има чиста и нежна душа која се крие зад неговата строга, силна надворешност.

2. Ако негативниот лик пие млеко, тоа значи дека режисерот сака да ја нагласи неговата моќ

Друг филмски убиец кој сака да пие млеко е суровиот Антон Чигур од филмот „Нема земја за старци“. Во овој случај, ликот не предизвикува убави чувства кај публиката: Тој провалува во стан на потенцијална жртва, зема шише млеко од фрижидер без дозвола и го пие додека седи на кауч. Оваа сцена е замислена за да се создаде застрашувачка атмосфера, бидејќи млекото е симбол за топлина, комфор и дом, а овој лик ја нарушува светоста во домот и неговиот комфор, претставувајќи се себеси за сопственик во туѓ живот.

Фото: Принтскрин

3. Млекото може да биде и симбол за општоприфатени морални вредности

Во филмот на Квентин Тарантино, „Проклетници“, постои сцена во која француски фармер му нуди чашка вино на германски полковник. Меѓутоа, полковникот наместо вино од фармерот бара чашка млеко и ја пие при едно голтање. На овој начин режисерот покажува сила и деструкција на некои темели во општеството, со помош на филмскиот јазик. Значи, негативецот ја манифестира својата моќ пиејќи млеко, покажувајќи како доминира над добрината и чистотата.

Уште еден пример за вакво однесување гледаме во филмот „Лудиот Макс: Автопатот на бесот“. Во филмот постои сцена со колекција од мајчинско млеко и војници кои го пијат за да ја претстават својата сила. Ова е прилично провокативна техника, во однос на тоа дека е прилично табу тема возрасна личност да пие мајчинско млеко во современиот свет.

4. Режисерот сака да ги измами гледачите, прикажувајќи го херојот како чист и невин

Неколку режисери го користат млекото за да демонстрираат чувство на здравје, чистота и сигурност во своите филмови. Затоа главниот негативец во филмот „Бегај“ носи бел џемпер и пие нешто „невино“ како млекото.

Фото: Принтскрин

5. Млекото ги открива годините на ликот

Зголемувањето на незрелоста и младоликоста на некој лик со помош на млеко е најочигледен трик за користење на овој пијалак. Ако творците сакаат да прикажат лик кој е навистина толку млад, што буквално има „млеко на усните“, не е тешко да се заклучи кој пијалак ќе биде употребен за тоа.

Во филмот „Бунтовник без причина“, тинејџерот кој го глуми Џејмс Дин, најпрво се опива, но следното утро пие шише млеко. Со тоа режисерот сака да прикаже дека тој длабоко во себе се бори со возрасна и млада личност.

Младиот лик кој го толкуваше Дикаприо во филмот „Фати ме ако можеш“, се преправа дека е возрасен пилот користејќи го својот шарм. Но, кога стјуардесата го прашува што сака да пие, тој бара млеко, откривајќи ги своите вистински години.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....