15:45 - 26 јуни, 2026

Шакира ги разлути фановите со фотографијата на која позира до Џеј Ло! (ФОТО)

Колумбиската пејачка сподели фотографија на која позира со Џенифер Лопез, а која јавноста ја посипа со негативни коментари.

Една од најпознатите и најценетите латино-американски убавици, препознатлива по раскошниот глас, неверојатна енергија и супермоќта да во секој момент биде најдоминантната личност во просторијата и покрај тоа што е само 157 сантиметри висока.

View this post on Instagram

Press conference. ShakHQ #SBLIV #PepsiHalftime

A post shared by Shakira (@shakira) on

Сепак, откако беше обвинета дека во Шпанија сокрила дури 14,5 милиони евра, пејачката започна да живее уште поповлечено отколку порано, исклучително помалку работи, а е посветена само на својот сопруг Пике и нивните синови Милан и Саша. Фановите тврдат дека тоа оставило трага и на нејзиниот изглед – се повеќе изгледа како „обична жена“, а се помалку како суперѕвезда.

Иако нам Шакира ни изгледа исто како порано, нејзините обожаватели беа немилосрдни последните неколку дена, особено кога Колумбијката објави фотографии на кои позира со својата колешка Џенифер Лопез. Прочуените убавици разговарале со новинарите по повод настапот за време на Супербол, кога настанале и фотографиите, а тоа што било очигледно е дека Џеј Ло исклучително многу се дотерала за оваа прилика, додека Шакира изгледа како да брза да ги собере децата од училиште.

View this post on Instagram

Loving @jlo’s purse with my birth date on it!! ?

A post shared by Shakira (@shakira) on

Поради тоа се нижеле безброј непријатни коментари, како тоа дека Шакира изгледа смешно покрај Џенифер, како и дека требало да се наспие прво добро, а некои прокоментирале и дека изгледа како лош хипик.

Слични објави

Здравко Чолиќ проговори за љубовните врски: Во животот имав малку сериозни врски, но имаше повеќе жени, да не ги именувам

Еспресо

(Фото) Српската пејачка ослабе 100 килограми, постави рекорд на естрадата: Кога ќе се соблече во костим за капење, сите занемуваатсите останува без зборови

Еспресо

(Фото) Како Памела Андерсон од младоста! Ќерката на српската пејачка го „запали“ интернетот, има тело за 10 и сите 10-ки во индексот

Еспресо

(Фото) Во бикини на Скијатос — Ирена Спировска го прослави 52. роденден и покажа дека е во одлична форма

Еспресо

(Видео) „Зошто полугола на тие години?“: Згодната Јелена Розга запеа во провокативно издание, јавноста ја искритикува

Еспресо

(Фото) Најубавото лето досега — Тони Зен и Валентина уживаат во Грција со двете деца

Еспресо
Се вчитува....