16:14 - 25 ноември, 2026

ЕРОС РАМАЦОТИ се разведува: Тоа беа прекрасни 10 години

Популарниот италијански пејач Ерос Рамацоти и неговата сопруга, манекенката Марика Пелегрини, одлучиле да стават точка на новниот брак.

Ерос и неговата 24 години помлада сопруга се договориле спогодбено да се разделат, по бракот кој траеше околу 5 години, а пред тоа се забавувале исто толку време.

Во официјалното соопштение, како што пренесуваат италијанските медиуми, ги потврдиле шпекулациите за разводот.

„Тоа беа прекрасни 10 години, заедно изградивме преубаво семејство и бевме бескрајно среќни. Смирени сме во заедничкиот избор, нашиот однос останува пријателски и љубовта што ја делевме уште е тука. Имаме големо почитување еден за друг и ја молиме јавноста да ја почитува нашата приватност и приватноста на нашите деца во овој стресен период за целото семејство“, пишува во соопштението.

Слични објави

Скандал во Турција — приведена актерката која ја глумеше Ферхунде во „Кога лисјата паѓаат“

К.С.

(Фото) „Три и пол години бевме твојот мал свет“: Синот на Даниел Кајмакоски тргна во градинка

К.С.

Швајнштајгер ќе ѝ плаќа алиментација од вртоглави 45.000 евра месечно за синовите на Ана Ивановиќ

Еспресо

Гоца Тржан открива детали за концертите и хонорарите: „Менаџерската работа би ѝ ја препуштила на Лена“

Е.А.

(Фото) Лила Филиповска ужива во празничната магија на Париз — ноќно крстарење по Сена и божиќни светилки на Шанзелизе

К.С.

Николина Пишек доживеала сообраќајна незгода во Хрватска: „Се обиде да ми го одземе телефонот и побегна, беше видливо пијан“

Е.А.
Се вчитува....