11:00 - 31 март, 2026

Елтон Џон: Учев повторно да одам и носев пелени, имам уште многу малку време! (ФОТО)

Легендарниот англиски музичар Елтон Џон изјавил дека морал повторно да учи да оди кога добил сериозна инфекција по операцијата на рак на простатата.

Тој претходно открил дека тешко ја поднел операцијата пред две години, која на крајот била успешна, но и дека бил на чекор од смртта кога по неа се разболел додека бил на турнеја во Јужна Америка.

Тогаш бил вратен на интензивна нега во Велика Британија, каде следувал тежок период.

профимедиа

„Буквално морав повторно да учам да одам. Бев екстремно болен. Сe за кое можев да размислувам додека лежев во својот болнички кревет беше “Те молам Боже, не дозволувај да умрам, сакам да ги видам своите деца. За среќа, преживеав”, рекол Џон во разговор за “BBC”.

Елтон објаснил и дека бил присилен да носи пелени.

„Бев на сцена во Вегас, во големи болки. Во текот на концертот носев пелени и мислев – само кога би знаела публиката дека уринирам во тој момент”, се пошегувал пејачот.

профимедиа

Елтон вели дека денес се чувствува подобро, но чувствува дека му преостанува уште многу малку време. Борбата со болеста кај легендарниот музичар следела по неговата долгогодишна борба со зависноста од алкохол и дрога.

Во меѓувреме, Џон ги откажал сите настапи, а минатиот месец беше потврдено дека нема да настапува на Гластонбери следната година.

 

Слични објави

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо
Се вчитува....