Дуа Липа (24), за која може да се каже дека е една од најпопуларните поп-пејачки во светот во моментов, пред неколку денови на Твитер и на Инстаграм објави фотографија со која ја промовира идејата за „Голема Албанија“, која би опфатила делови од денешна Србија, Грција, Македонија и Црна Гора.
Пејачката предизвика огромни реакции со споделувањето на мапа која ги прикажуваа Албанија, Косово и делови од соседните балкански земји – со симболот на албанските орли.
au•toch•tho•nous adjective
(of an inhabitant of a place) indigenous rather than descended from migrants or colonists pic.twitter.com/OD9bNmLcZ4— DUA LIPA (@DUALIPA) July 19, 2020
Ова покрена бурни реакции кај корисниците на социјалните мрежи, но и кај многу јавни личности, меѓу кои и британскиот новинар Сем Стрит, кој искоментира дека Дуа Липа „ги нарекува овие нации мигранти или колонисти, што е мошне иронично за Албанка родена во Вестминстер, Велика Британија“.
Со новата објава, таа се обиде да ги смири страстите малку и да објасни дека немала лоша намера, туку само сака гордо да зборува за нејзиното потекло и корените.
Таа наведува дека нејзината објава е „погрешно протолкувана“, но сепак сака „нејзината земја да биде претставена на картата“.
❤️
Publiée par Dua Lipa sur Mardi 21 juillet 2020
„Со мојот претходен пост, не сакав да иницирам какво било омраза. Ме прави тажна и лута што мојата објава беше погрешно протолкувана од некои групи поединци кои промовираат етнички сепаратизам, нешто што целосно го отфрлам“, напиша Дуи Липа.
Според неа, секогаш кога објавувала за Косово луѓето реагирале бурно.
„Секогаш кога пишувам за Косово, мојот feed лудува, дури и кога пишувам за нешто убаво како храна или музика. „Јас секогаш наидувам на отпор на идејата за автентична косовска култура“, продолжи таа.
„Сите ние заслужуваме да бидеме горди од каде потекнуваме. Едноставно сакам мојата земја да биде претставена на картата и да можам да зборувам гордо и среќно за моите албански корени и за мојата родна земја. Ги охрабрувам сите да го прифатат своето наследство и да слушаат и учат едни од други. Мир, љубов и почит кон сите“ – напиша Липа во нејзината објава.
Многубројни нејзини обожаватели почнаа да ја бојкотираат на социјалните мрежи.
Меѓутоа, изгледа дека Дуа Липа ги поттикна и своите колешки. И Рита Ора на Твитер објави фотографија на која пишува: „Ставете го Косово на мапа“ и ја тагна компанијата „Епл“ и неколку популарни пејачки со албанско потекло: Бебе Реџа, Ава Макс, Дафина Зеќири, Ера Истрефи и Дуа Липа.
По објавата на Дуа Липа, се огласија и нашите естрадни уметници. Влатко Лозаноски и групата „Некст тајм“ експресно реагираа, па на своите профили на Инстаграм и на Фејсбук објавија историска карта од Македонија со нејзините етнички граници.
Пејачката Дуа Липа, која во повеќе наврати во кариерата се претставуваше како амбасадорка на УНИЦЕФ сега доби официјален демант.
Канцеларијата на УНИЦЕФ во Србија денеска излезе со соопштение во кое вели дека не го поддржува ставот на пејачката:
„Драги пријатели, Ви благодариме што ја истакнавте објавата на пејачката. Би сакале да ве известиме дека Дуа Липа не е амбасадор на УНИЦЕФ и нејзините изјави не се изјави во име на УНИЦЕФ. Како и многу други, таа ја поддржуваше нашата работа околу заштитата на деца, за што сме ѝ благодарни. Ставовите што таа ги презентира се нејзини, а УНИЦЕФ не ги поддржува“, се наведува во соопштението.
Дуа е родена во Велика Британија, а нејзините родители заминале од Приштина во 1992 година.