31.1 C
Скопје
14:40 - 20 јуни, 2026

Болката не стивнува — таткото на починатата планинарка Калина Велевска потсети на важна приказна за неа

Осум години по трагичната смрт на младата планинарка Калина Велевска, болката кај нејзиното семејство не стивнува.

Нејзиниот татко Марјан Велевски деновиве сподели емотивна објава на социјалните мрежи, потсетувајќи на љубовта што Калина ја имаше кон планината, книгите и природата.

„Колку беше среќна Калина кога во некоја антикварница купи ретко, старо издание на ‘Бели мугри’. Немаше дилема за неа, таа година го зема со себе и го читаше на Лопушник“, напиша Марјан
Велевски покрај фотографиите од Калина, насмеана на планина, со книга в раце.


Под објавата коментираа многумина што ја познаваа Калина, но и кај оние што низ годините ја следеа нејзината инспиративна приказна како една од најпосветените млади планинарки во земјава.

„Нека ве гледа и чува од небото. Преубава насмевка. Не ја познавав, но целиот настан за нејзиното заминување остави болка“, е еден од коментарите под објавата.

Калина Велевска трагично го загуби животот во февруари 2018 година на Кајмакчалан, заедно со планинарот Александар Миновски. Двајцата беа дел од поголема група планинари од планинарското друштво „Трансверзалец“, кои тргнале на организирано искачување на врвот Кајмакчалан. Во еден момент тие се одвоиле од групата, по што им се губи трагата. Потрагата траеше со часови во исклучително тешки временски услови – снег, силен ветер и ниски температури. Наредниот ден спасувачките екипи ги пронајдоа нивните безживотни тела на грчката страна од планината.

Калина имаше само 26 години, но зад себе остави силна трага во македонската планинарска заедница. Таа беше член на „Трансверзалец“, сертифициран планинарски водич и автор на блогот „Од дневникот на една планинарка“, преку кој ја пренесуваше својата огромна љубов кон планините, авантурите и слободата. Нејзините пријатели и соборци ја паметат како личност со заразна насмевка, огромна енергија и искрена љубов кон животот.

И денес, години по трагедијата, спомените за Калина живеат преку фотографиите, текстовите и приказните што ги остави зад себе. А најмногу, преку зборовите на нејзиниот татко, кој со секоја нова објава потсетува на тоа каква личност била.

Слични објави

Вака Анастасија Ражнатовиќ ослабе 20 килограми — една работа е клучна, а сега ја откри тајната на својот совршен летен оброк

E.A.

„Можеби се задолжуваат и земаат кредити за да снимат песна“ – Индира Радиќ проговори за естрадата, колегите, снаата Русинка и бракот

E.A.

Дали некогаш сте пробале праски на скара или во салата? Oвие комбинации пријатно ќе ве изненадат

Т.Ц.

Имате проблем да ја исчистите туш-кабината? Пробајте го овој едноставен совет

Т.Ц.

„Мојот маж, моето сè“ — Маја Николиќ го покажа партнерот

E.A.

„Не е гордост да имаш родители со пари и бизниси“: Јоце Панов искрено за тешкото детство

Еспресо
Се вчитува....