6.8 C
Скопје
04:38 - 19 октомври, 2026

Долга листа барања: ЛЕПА БРЕНА не може без ВЕНТИЛАТОР, а КАРЛЕУША без ПРИВАТЕН АВИОН (ФОТО)

Неодамна Маја Шупут признала дека единствено барање што го има кога договара настапи е да престојува во хотел со 5 ѕвезди.

Instagram

„Повеќе од 250 дена спијам во хотели и хотелот ми е како дом, па не би било фер да спијам во некои никакви. Пред сè тоа ни приватно не го правам. Приватно си се почитувам и спијам на некое убаво место, па ни во бизнисот не би прифатила нешто помалку“, рекла пејачката.

Маја во тоа барање не е единствена. Повеќето пејачи и пејачки го бараат истото, а некои одат и чекор понапред па имаат цела листа барања за екипата која ги организира нивните концерти, од уредувањето на бекстејџот, до превозот и слично.

Лепа Брена неодамна раскажала дека никаде не оди без вентилатор. Многумина се зачудиле кога се објавени фотографии на кои за неа се носи огромен вентилатор за роденденот на Филип Живоиновиќ, што значи дека тоа не се однесува само на деловниот, туку и на приватниот живот.

novi.ba

„Мора да ми обезбедат вода, овошје, пешкири, вентилатори, можеби и некој освежувачки пијалак“, рекла Брена.

Хотелите во кои престојува мора да имаат спа и сала за вежбање.

Јелена Карлеуша е на глас како една од најпребирливите ѕвезди.

На настапите преферира да доаѓа со приватен авион, а од аеродромот до хотелот сака да патува со лимузина. Нејзиното обезбедување се води со „мерцедес“ С класа.

Карлеуша отседнува во хотели со 5 ѕвезди и тоа во претседателскиот апартман. Таму треба да ја дочека свежо овошје и десет шишиња од француската вода „Евијан“ во мини барот, оладени!

Instagram

Постелината мора да биде свилена, со розева боја, а во бањата задолжително да има хидромасажна када.

Во бекстејџот сака големи три огледала, голема маса за шминкање и мини бар со „Евијан“.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....