5.8 C
Скопје
22:00 - 18 април, 2024

Дневен хороскоп за 24.10.2019: Овните ќе се впуштат во авантура, а Јарците ќе уживаат со својот партнер

ОВЕН
На работа ќе наидете на мали препреки, но не откажувајте се. Вашиот труд ќе се исплати. Доколку ви се допаѓа некоја личност, направете го првиот чекор! Ве очекува една незаборавна авантура. Водете сметка за синусите.

БИК
Поддршката од најблиските денес ќе има клучен дел во некои од вашите одлуки. Семејството ви е на прво место. Вашите претерани емоции може да наштетат за донесување на рационални одлуки. Вашето здравје никогаш не било подобро.

БЛИЗНАЦИ
Ова е ден кога се можни мали проблеми на работното поле. Вашиот однос со саканата личност е неверојатен. Знаете како да се однесувате со вашиот партнер и тоа ве прави и двајцата среќни. Ве мачи вртоглавица.

РАК
Немојте да дозволите трачевите да влијаат на вас. Потпрете се на себе, бидејќи само вие самите знаете што е најдобро за вас. Посакувате нова љубов, која повторно ќе ја врати страста во вашиот живот. Внимавајте на зглобовите.

ЛАВ
Авантурата во вашиот живот е тоа што ви недостига. Не се кочете и преземајте ризици! Ве очекува интересно познанство со личност која ќе има многу важен дел во вашиот живот. Немојте да јадете многу благо, можно е покачување на шеќерот.

ДЕВИЦА
Работата ви оди прекрасно, но за жал кај љубовта, тоа не е баш така. Престанете да се навраќате на старите партнери, пред вас стои прекрасна прилика која можете да ја испуштите. Отидете на пливање, можни се проблеми со грбот.

ВАГА
Денес ќе се двоумите за многу работи. Исто како и  вашиот знак, на вага ќе ставите 2 работи од кои ќе ја одберете вистинската, доколку доволно се сконцентрирате. Вашиот инстинкт никогаш не ве излажал. Ќе зачестат проблемите со циркулацијата.

СКОРПИЈА
Ова е вашиот ден! Вие ќе плените со вашата харизма, каде и да стапнете денес. Сè ќе ви појде од рака, но внимавајте да не се сопнете поради големото форсирање. Немојте да го запоставувате вашиот партнер. Здравјето ве служи најдобро.

СТРЕЛЕЦ
Можно е да се одлучите за промена на кариера. Ви се допаѓа личност која засега само ја набљудувавте од дистанца. Немојте да се плашите да го преемете првиот чекор.

ЈАРЕЦ
Доколку сте напнати поради работата, обидете се да ги игнорирате тие чувства, бидејќи може да се доведете само до посериозни проблеми. Во љубовта уживате со вашиот партнер. Немојте да се преоптоварувате со обврски, бидејќи можна е појава на главоболки.

ВОДОЛИЈА
Денес е можна појава на проблеми на работа. Нема да ви биде лесно докажувањето. Немојте да ги злоупотребувате чувствата на партнерот. Знајте дека доброто – со добро се враќа. Обидете се да издвоите време за пикник.

РИБИ
Овој ден за вас е вистинска премија! Ве очекуваат безброј убави вести. Ќе бидете задоволни од работата, што позитивно ќе се одрази на вашето здравје и расположение. Кино или театар? Одлучете се за некоја од овие две опции бидејќи тоа е она што му недостига на партнерот. Пазете се од настинки.

Слични објави

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо
Се вчитува....