10.8 C
Скопје
22:04 - 26 април, 2024

Дневен хороскоп за 13 октомври: Нови познанства, љубов на прв поглед…

ОВЕН
Денов ви носи нови познанства, како деловни, така и лични. Внимавајте со какви личности ќе ги споделувате вашите бизнис планови, може некој да ви ги украде. Време е за реновирање. Преземете ја иницијативата во свои раце и изградете го вашиот личен живот.

БИК
Раководете правилно со парите и не ризикувајте многу. Обрнете внимание на вашето нервно напрегнување. Важно е да си ја хармонизирате енергијата за да се чувствувате добро и да бидете полни со позитивна енергија. Поминувајте повеќе време во природа.

БЛИЗНАЦИ
Почнувате нова страница во личните и во професионалните односи и ќе ги довршите незавршените задачи од почетокот на годинава. Ќе започнете и нови проекти. Послушајте ја вашата интуиција, имате можност за проширување на бизнисот.

РАК
До израз ќе дојдат вашите творечки способности. Ќе бидете добро расположени. Ако успеете да премолчите некои негативни црти кај вашите пријатели, ќе успеете да се поштедите од многу непријатности во следните месеци.

ЛАВ
Ќе бидете пријатно изненадени од луѓето кои ќе ги сретнете. Вашата страст може да доведе до официјализирање на врската со вашиот партнер, но вие упорно продолжувате да избегнувате посериозни разговори во врска со тоа.

ДЕВИЦА
Денов ќе ви донесе проблеми во личните односи. Внимавајте да не си создадете непријатели во животот. Треба да ги завршите започнатите задачи ако сакате да си го сочувате авторитетот.

ВАГА
Во текот на денов ќе бидете склони да си создавате проблеми во личните односи, дури кај некои од Вагите ќе има и прекин на врската. Пазете се од непотребни конфликти во семејството. Не се преоптоварувајте психички. Внимавајте на стресните ситуации и обидете се да го сочувате духовниот мир.

СКОРПИЈА
Погрижете се вашите трошоци да бидат во разумни граници. Време е да направите разлика меѓу реалните желби и илузиите. Погрижете се повеќе за стабилност на психата, ќе бидете склони кон депресија. Не ги земајте при срце туѓите проблеми.

СТРЕЛЕЦ
Внимавајте да не се оптоварите со премногу обврски за да не почувствувате преголем умор. Внимавајте на непотребни конфликти во семејството. Погоден период за реновирање на домот.

ЈАРЕЦ
Може да се разочарате од некој во кого сте имале најмногу доверба. Не брзајте да остварувате нови љубовни врски, бидејќи нема да траат долго. Обрнете внимание на физичкото здравје, а може да се ставите и на диета.

ВОДОЛИЈА
Некои Водолии ќе имаат среќа да се вљубат на прв поглед, а други да го заведат саканиот/саканата. Ќе свртите нова страница во личниот и социјалниот живот. Со вашата недоверба во самите себе можете дамо да си навлечете некоја хронична болест. Направете напори да се ослободите од стресот и од непотребните обврски.

РИБИ
Се чувствувате уморни од тоа да бидете фрустрирани и неискрени во вашата интимна врска. Денеска ќе бидете благонаклонети кон луѓето кои се осамени. Рибите кои не се во врска, ќе го запознаат идниот партнер. Верувајте во вашата интуиција.

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....