15:40 - 1 април, 2026

Џенифер Лопез не може да го дочека Супер Боул: Погледнете како се подготвува (ВИДЕО)

На овогодишниот Супер Боул ќе има голема доза на латино енергија, бидејќи на полувремето ќе настапат ѕвездите Џенифер Лопез и Шакира.

Популарната Џеј Ло (50) на Инстаграм објави снимка од подготовките за настапот на Супер Боул.

Обожавателите можат да ја видат Џенифер со рацете на земја како „чека знак“ за да започне со својот настап. Набргу потоа, таа наеднаш станува и почнува да игра.

Стојам овде на почетната линија и чекам знак за почеток – вели Џенифер во клипот.

Пејачката неколку секунди се движи, за на крај да седне на тревата и да го чека својот момент кога треба да заблеска.

Двете латино диви, Џеј Ло и Шакира, за првпат во своите кариери ќе настапат заедно и токму поради тоа ветуваат спектакл.

Кога Џенифер објави дека токму тие две ќе настапат заедно на Супер Боул, истакна дека е горда на организаторите што за ова шоу одбрале две моќни латино жени, пренесува Мирор.

Мислам дека организаторите навистина сакаа да испратат силна порака и многу сум среќна што сум дел од проектот кој ги поддржува жените и разновидноста – истакна Џенифер.

Популарната пејачка и актерка во изминативе неколку месеци доби неколку номинации за својата улога во филмот „Hustlers“, па слободно може да се каже дека 2020 година започна одлично за Џеј Ло.

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....