08:31 - 7 ноември, 2026

Џенифер Лопез можеби не пие кафе, но стана сопственик на бренд за кафе

Џенифер Лопез и Алекс Родригез повторно „се пуштија“ во водите на бизнисот. Двојката, на која богатството се проценува на околу 750 милиони американски долари, дел од своите сретства вложи во нов бизнис, односно во бренд за кафе.

Instagram
Instagram

Така, славната двојка стана ко-сопственик на компанијата „Kitu Life, Inc.“, основана во 2016 година во Америка, која произведува „Super Coffee“, линија на кафе без шеќер.

„Моите браќа и јас сме воодушевени што продолжуваме да го градиме нашиот бизнис заедно со Џенифер и Алекс“, изјави Џим Де Кико, извршен директор на „Super Coffee“.

Родригез првпат слушнал за брендот „Super Coffee“ во 2018. А денес, компанијата се проценува на 240 милиони долари,

EPA-EFE/JUSTIN LANE

„Браќата кои стојат зад „Super Coffee“ се вклопуваат во нашиот план. Тие изградија силна компанија за кратко време и со нетрпение очекуваме да му помогнеме на брендот да го достигне својот целосен потенцијал“, вели Родригез.

Instagram
Instagram

„Веднаш знаевме дека можеме да ја искористиме нашата мрежа за да го изградиме овој бренд на глобално ниво“, изјавила Лопез.

Оваа вест е навистина парадоксална, имајќи го предвид фактот дека Џенифер Лопез отсекогаш била „голем противник на пиењето кафе“, ѕвездата неколку пати во нејзината кариера има изјавено дека никогаш не пиела и не планирала да пие кафе.

Instagram
Instagram

„Не пијам алкохол, не пушам цигари и не внесувам кофеин во моето тело. Овие работи ја уништуваат кожата, особено како што старееме“, изјави Лопез за магазинот „Us Weekly“ во 2016 година.

Instagram
Instagram

Затоа, ќе биде многу интересно да се види како сега ќе го промовира ова кафе. Можеби таа ќе стекнува нови навики…

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....