6.8 C
Скопје
08:26 - 30 март, 2026

Џенифер Лопез можеби не пие кафе, но стана сопственик на бренд за кафе

Џенифер Лопез и Алекс Родригез повторно „се пуштија“ во водите на бизнисот. Двојката, на која богатството се проценува на околу 750 милиони американски долари, дел од своите сретства вложи во нов бизнис, односно во бренд за кафе.

Instagram
Instagram

Така, славната двојка стана ко-сопственик на компанијата „Kitu Life, Inc.“, основана во 2016 година во Америка, која произведува „Super Coffee“, линија на кафе без шеќер.

Моите браќа и јас сме воодушевени што продолжуваме да го градиме нашиот бизнис заедно со Џенифер и Алекс“, изјави Џим Де Кико, извршен директор на „Super Coffee“.

Родригез првпат слушнал за брендот „Super Coffee“ во 2018. А денес, компанијата се проценува на 240 милиони долари,

EPA-EFE/JUSTIN LANE

Браќата кои стојат зад „Super Coffee“ се вклопуваат во нашиот план. Тие изградија силна компанија за кратко време и со нетрпение очекуваме да му помогнеме на брендот да го достигне својот целосен потенцијал“, вели Родригез.

Instagram
Instagram

Веднаш знаевме дека можеме да ја искористиме нашата мрежа за да го изградиме овој бренд на глобално ниво“, изјавила Лопез.

Оваа вест е навистина парадоксална, имајќи го предвид фактот дека Џенифер Лопез отсекогаш била „голем противник на пиењето кафе“, ѕвездата неколку пати во нејзината кариера има изјавено дека никогаш не пиела и не планирала да пие кафе.

Instagram
Instagram

Не пијам алкохол, не пушам цигари и не внесувам кофеин во моето тело. Овие работи ја уништуваат кожата, особено како што старееме“, изјави Лопез за магазинот „Us Weekly“ во 2016 година.

Instagram
Instagram

Затоа, ќе биде многу интересно да се види како сега ќе го промовира ова кафе. Можеби таа ќе стекнува нови навики…

Слични објави

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova
Се вчитува....