17:50 - 1 април, 2026

ЏАМБАЗОВ објави ВИДЕО старо 12 ГОДИНИ со ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ: На свирката гостин е поранешниот претседател Ѓорге Иванов

Омилениот актер и шоумен на многу генерации, Игор Џамбазов  на својот инстаграм – профил постојано објавува фотографии и кратки видеа од неговиот приватен живот, спомени од минатото, фотографии и пораки посветени на семејството, пријателите и саканите.

Овој пат актерот сподели на својот фејсбук – профил сподели старо видео, снимка со лош квалитет но многу љубов и музика во неа. На видеото е нашиот познат поп-рок пејач Влатко Илиевски, чиј живот згасна прерано.


Влатко на видеото во друштво на уште еден музичар свири на гитара и пее во еден скопски локал, а еден од гостите е тогашниот претседател на нашата земја – Ѓорге Иванов и тогашната прва дама Маја Иванова.

„Пред 12 години. Убав неделен мајски ден на улица Ленинова. Очигледно Влатче и Иван немаа трема пред тогашниот претседател на Република Македонија, нашиот драг гостин Ѓорги Иванов. Фини луѓе, фино поминато попладне со фина музика во фино друштво со Маја и Ѓорге. Честитки за новороденото синче и внуче Ѓорге Џуниор“ – свои во описот на оригиналната фејсбук објава на „Мајка ти и Татко ти“.

Прерано починатиот пејач остана непребол за целата македонска јавност, а зад себе остави многу песни со кои, за среќа, го продолжуваме сеќавањето на него.

Слични објави

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.
Се вчитува....