11:21 - 27 ноември, 2026

Дејан Милиќевиќ откри необичен пропуст во легендарниот спот на Цеца: „Не сум нормален…“

Речиси три децении по снимањето на спотот за песната „Иди док си млад“, фотографот и режисер Дејан Милиќевиќ откри интересен детаљ што со години останал незабележан.

Милиќевиќ, кој соработувал со голем број музички ѕвезди од регионот, раскажа дека во спотот на Светлана Цеца Ражнатовиќ се провлекла грешка што речиси никој не ја забележал.

„Во тој спот постои една грешка. Случајна е, но навистина не сум нормален… Дрвосечачот, наместо да ја фрли секирата кога влегува во автомобилот, тој влезе со секирата“, изјави Милиќевиќ.

Фото: Скриншот

Тој се присети и на снимањето на омотот за албумот „Љубав фатална“, истакнувајќи ја професионалноста на Цеца.

„Има многу анегдоти… Кога го снимавме првиот омот за „Љубав фатална“, бевме во гаража на Обилиќев венац. Сакавме Цеца да биде со зализана коса на мотор, но фризерката не понесе прскалка со вода. Цеца виде една бара и рече: „Еве, земи вода одовде.“ Фризерката ги натопи рацете во баричката и ѝ ја зализа косата. Тогаш гледаш колку некој е суров професионалец – важно беше само работата да се заврши“, раскажа тој за „Гранд“.

Слични објави

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо
Се вчитува....