12:42 - 7 ноември, 2026

„Малер си да се родиш овде“: Искра Канзурова со уште една лута објава

Водителка Искра Канзурова остро реагираше на социјалните мрежи по објавувањето на понуда за организиран трофеен лов на дивокози во Македонија.

Канзурова сподели фотографија од реклама во која се нудат ловни аранжмани во реоните на Маврово и Јасен, по цени од 2.500 до 3.500 евра, а во објавата го изрази својот револт кон ваквиот вид туризам и односот кон дивите животни.

„Да се навратам на тоа колку си малер да се родиш овде. Еве колку во пари вреди едно живо битие кај нас. Еве каков туризам тераме. Според ова било кој со мало к..е, а многу пари може да убива. И после немало пари за заштита на животните. Има, ама каде одат?“, напиша Канзурова.

Во рекламата што ја сподели Канзурова се нудат организирани ловови на дивокози, со вклучени услуги како организација, водич, сместување и ловечка опрема, а цените варираат во зависност од локацијата и условите на ловот.

Темата за ловот на дивокози со години предизвикува поделени ставови во јавноста, а последната објава на Искра Канзурова уште еднаш ја отвори дискусијата за тоа како државата ги балансира интересите на ловниот туризам и заштитата на природата.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....