4.8 C
Скопје
09:53 - 26 декември, 2024

Болни раскинувања, но и среќни епилози – ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА МАЈ

ОВЕН

Овните ќе доживеат значајни промени на полето на љубовта во текот на мај. Односите со саканата личност се совршени, а несогласувањата ќе поминвуаат за неколку минути. Во текот на овој месец ќе надоместите за вниманието кое малку му го ускративте на партнерот во текот на поладните месеци. Слободните Овни ги очекува пријатен флерт и максимално уживање.

БИК

Биковите кои се во врска конечно ќе го стабилизираат климавите односи со партнерот и сите коцки ќе се наместат онака како што треба да бидат. Тензијата ќе помине и сè ќе ви биде многу појасно. Поминете повеќе време со саканата личност. За сингл Биковите следува многу интересен период. Можно е повторно да стапите во контакт со личност со која имате недовршени сметки од минатото.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците кои се во брак или во врска треба да внимаваат следниот период. Ако не обрнуваат доволно внимание на саканата личност, нека не се чудат ако нејзиниот поглед почнува да бега на други страни. Но, нештата ќе се стабилизираат во втората половина од мај, кога Близнаците ќе решат да се отворат и да се посветат на личноста која ја сакаат.

РАК

Зафатените припадници на знакот Рак ќе имаат стабилен период. Ништо нема да се менува, но тоа нема да ви пречи. Ќе уживате во рутините и навиките кои ги стекнавте со саканата личност. Потрудете се да го зачувате овој период што подолго. Самците Ракови ќе имаат одличен период за дружење, забава и излегувања, па недостигот на љубов нема да направи значајна разлика.

ЛАВ

Иако нештата изгледаат сосема солидно, внатрешниот глас на Лавот кажува нешто сосема друго. Со саканата личност нема конфликти, но често имаат непоклопување на размислувањата. Мај за Лавовите ќе биде месец кога на многу нешта ќе стават крај и ќе одлучат да свртат нов лист, без грижа на совест кон никого. Токму тоа ќе им помогне да сфатат што навистина сакаат.

ДЕВИЦА

Поради многубројните обврски и случувања, Девиците може да го занемарат својот емотивен партнер. Тоа ќе ја повреди другата страна. Ако не се свестат навреме, можно е болно раскинување. Слободните Девици пак ќе имаат прилика за запознавање со некоја нова личност, во која полека ќе почнат да се вљубуваат.

ВАГА

Периодот на пасивност завршува, но Вагите сè уште се чувствуваат исцрпено и без енергија, особено кога емоциите се во прашање. Но, пролетта ќе ја разбуди во нив емотивната страна и желбата за промени. Во текот на мај своето слободно време ќе го посветат на личноста која ја сакаат, без разлика дали се веќе во врска или ќе запознаат некој нов. Ќе уживаат максимално, а во тоа нема да ги поколеба ниту повик од личност од минатото.

СКОРПИЈА

Скорпиите ќе имаат и подеми и падови, а на љубовно поле можни се непријатни ситуации за кои саканата личност ќе нема многу волја да ги решава. Обидете се тоа да го надминете без тензии, бидејќи само на тој начин ќе ја мотивирате саканата личност да каже што сака. Водете искрени разговори и сè ќе се реши за многу пократко време отколку што сте очекувале.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците во врска ги очекува турбулентен период, особено поради тоа што партнерот ќе добие шанса да напредува на работа, а тоа може да значи и селење во друг град или држава. Во овој случај, тоа ќе го наруши целосниот однос, а напуштениот Стрелец ќе наоѓа утеха во семејството, пријателите и хобијата.

ЈАРЕЦ

Јарците постојано бараат начин да го подобрат својот живот, а тоа важи и кога е љубовта во прашање. Добро би било да испланирате романтично патување. Ситуацијата е одлична, особено поради тоа што го добивате саканото внимание и од другата страна. Тоа ве радува, а задоволството го пренесувате и во другите сегменти од животот.

ВОДОЛИЈА

Ќе ви се појави привремена тензија поради личност со која неодамна се гледавте, а која остави белег врз вас, иако односот не се продлабочи. Тоа чудно чувство ќе ве држи неколку денови. Не дозволувајте да ви го наруши целокупниот начин на функционирање, особено не доколку во меѓувреме сте почнале да се гледате со друга личност.

РИБИ

Рибите кои се во врска или брак ќе добијат шанса да го поправат сето она што досега го правеле погрешно, без да им биде многу замерено поради тоа. Разговарајте со саканата личност, бидејќи само на тој начин нештата ќе добијат доволно смисла и ќе знаете како да преминете преку проблемите. Оние кои се слободни, ќе запознаат личност која ќе им остави силен впечаток и брзо ќе започнат близок контакт.

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ го честиташе Божиќ: Ѕирнете во празничната идила во домот на пејачката!

Еспресо

Хороскоп за 26 декември: Скорпијата ќе добие нова шанса, Лавот ќе доби одлични вести од странство

Еспресо

Приведена Гога Секулиќ: Сè се случило на границата со Хрватска, со неа бил и нејзин колега

Еспресо

„Секогаш ќе ми бидеш прво дете…“: Саша Ковачевиќ со емотивна објава покажа кој му е најважен на светот

Еспресо

(Фото) Адам Лабунски објави слики со ќерката Хана: „Моето мало девојче“

Еспресо

Ова се најскапите свадби на српската естрада: Милиони евра, лимузини, специјалиети и светски креации

Еспресо
Се вчитува....