-1.2 C
Скопје
20:22 - 21 февруари, 2025

(РАЗГОВОР) БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ: Со „Зад завесите“ ја враќам емпатијата и ги будам емоциите кај луѓето!

Најпрво слушнете ја новата песна на Бојана, а потоа уживајте во разговорот…

Со песната „Зад завесите„ повторно се враќаш на македонската музичка сцена. Какво е чувството повторно да си активна во музичките води?

Задоволство ми е да се вратам на музичката сцена со една ваква моќна песна полна со емоции. Преку музиката можам да споделам вистински чувства и став за важни теми од општеството и животот. Музиката на најдобар начин знае да ги “преведе” емоциите. „Зад завесите“ е мојот нов и оригинален come-back кога е во прашање моето творење и кариера. Времето зад сцената кога ја паузирав музичката кариера ми беше и повеќе од доволно да размислам за многу нешта и да ја откријам повторно мојата љубов кон музиката и пеењето. Затоа со овој нов чекор напред, се враќам посилна од претходно затоа што е време за ново музичко патување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by By Zana & Saranda (@z.hairextensions)


Раскажи ни малку повеќе за песната и која е приказната „Зад завесите“?

Песната за мене претставува оживување на автентични емоции, коишто низ секој испеан стих наликуваат на глас на вистината. Ксенија Николова, која е текстописец на „Зад завесите“, во еден разговор кажа дека, – ова е песна за сите луѓе, кои се во животот на еден човек, но се всушност и публика, набљудувачи, коментатори и судии. Сржта на песната е отсуството на емпатија во светот полн со предрасуди, а тоа е модерната реалност, којашто нè опкружува. Секој стих во оваа песна е дамски стил на пренесување на главната порака, којашто сакам да ја пренесам и до јавноста и до моите фанови. Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, а видео записот на „Зад завесите“, е во режија на Александар Ристовски- Принц. Двајцата се едни од најценетите на нашата естрада, а во нивната креативна и трансформативна визија верувам секогаш. Многу сум благодарна на целиот тим, којшто се потпишува на овој музички проект.


Која е главната мотивација да продолжиш со пеење?

Точно е дека се враќам на музиката по подолго време, а најглавната причина и мотив за истото лежи токму во мене и во можноста повторно да покажам и докажам дека македонската музичка сцена заслужува една „Бојана“. Со своите 38 години, сѐ уште сакам да работам и подготвувам нови песни и сметам дека доколку нешто се сака, како што јас ја сакам музиката, годините не се важни за напредок, творење и работа.


Со песната за многу кратко време достигнавте висок број на прегледи. Кои се вашите импресии и дали оваа песна ги исполни вашите очекувања?

Навистина сум благодарна од одзивот, поддршката и коментарите за песната и самиот видео запис. Успехот е резултат којшто се должи на врвниот тим, кој работеше и внимаваше и на најситниот детал од почетокот до крајот на создавањето на ова дело. Темата е совршено доловена во секој дел од песната и се надевам дека пораката на истата, ќе допре што помасивно до сите и можеби ќе промени голем број на размислувања. Сепак во реалноста која нѐ опкружува постои големо отсуство на емпатија, а се надевам дека мојата музика ќе придонесе оваа тема да не остане заборавена и нешто за коешто не се разговара и се молчи.


Кога би морала со три зборови да ја опишеш песната, тоа би биле…?

Моќна, емотивна и динамична.


Што може да очекуваме од Бојана во 2022 на музички план?

Многу нови изненадувања. Со својот тим подготвувам промоција на 2 нови песни, а ќе следат и неколку нови проекти и настапи. Оваа година сакам македонската јавност да ја види новата трансформирана Бојана. Се работи активно на песни и проекти, коишто сигурна сум дека ќе останат во сеќавање и што е најважно, – ќе се слушаат низ годините кои следат.


Кој е најдобриот совет што си го добила во животот и од кого?

Најдобриот совет што сум го добила е од мојата баба, која ми кажа дека, – желбите постојат за да се остваруваат! И истиот е константниот двигател во мојот живот и кариера.

 

Слични објави

Ова се свекорот и свекрвата на Анастасија Ражнатовиќ: Таткото на Гудељ е моќно име во фудбалот!

Еспресо

Мајката на Дарко Лазиќ измамена! Се огласи жената на нејзиниот партнер Драган

Еспресо

(Фото) Николина Пишек направи драстична промена, луѓето не можат да престанат да зборуваат за тоа

Еспресо

Објавено видео од Милица Павловиќ по скандалот со Карлеуша! Таа ѝ зададе уште еден удар

Еспресо

Ѕвездата на серијата „Грдата Бети“ уапсен, давал отпор на полицијата

Еспресо

(Фото) На Теодора Џехверовиќ ѝ коментараа дека се здебелила, па таа возврати: „За тебе сум најдобра!“

apostolova
Се вчитува....