16.8 C
Скопје
17:43 - 12 март, 2026

БЕЗВРЕМЕНСКО ПАРЧЕ: Како правилно се перат фармерки?

Фармерките се безвременско парче облека кое е дел и од дневниот, но и од вечерниот стил, а правилниот модел и крој може да бидат одличен избор и за посвечени прилики.

Потемните модели често лесно избледуваат по само 2-3 перења, а за тоа да не се случи, следете ги овие едноставни правила:

1. Во леѓен со ладна вода додадете една полна чаша сол и потопете ги фармерките. Оставете да отстојат еден саат и потоа исперете ги во машината. Овој совет се практикува и за нови и за веќе неколкупати носени фармерки.

2. Новите фармерки првпат исперете ги со алкохолен оцет. Ставете го во преградата за прашок и перете на 20 степени. Потоа можете да ја примените постапката од првата точка.

3. Секогаш перете ги со надворешната страна однадвор, за нив не важи правилото да се перат превртени.

4. Перете на ниски температури, а ако сте во можност направете го тоа на рака. Фармерките треба да отстојат во млака до ладна вода со детергент 15 минути, а потоа темелно исплакнете ги.

5. Сушете ги на воздух, никогаш не ги ставајте во сушара, бидејќи може да се деформираат.

Што се однесува на црните фармерки, постои еден практичен трик кој е популарен на Инстаграм. Доколку почнат да бледнеат, многу блогерки советуваат да ги потопите неколку часа во вода во која сте сипале две чашки мелено кафе.

Слични објави

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.

Ѓани итно хоспитализиран! Српскиот фолкер е примен на ВМА, соопшто неговата сопруга

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром: „Не е тој поинаков, ние сме“

Еспресо

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо
Се вчитува....