06:22 - 2 ноември, 2026

(Видео) Зуица Лазова блесна на сцената – Охрид ечеше со звуците на „Македонско девојче“

Фолк пејачката Зуица Лазова многу пати докажала дека е еден од најдобрите вокали на нашата сцена. Со својата женственост и харизма оваа пејачка секогаш ја освојува публиката. Така беше и вчеравечер пред публиката во Охрид, на првиот ден од караванот „Силно светнал ден“ по повод  35. години независна Македонија.

Зуица се појави во делот каде што беа отпеани серија патриотски и народни песни. На сцената беше придружена со прекрасните Андријана Јаневска, Бојана Скендеровски, Миле Кузманоски, Огнен Здравсковски….

Лазова настапи со легендарната песна, една од нашите химни,  „Македонско девојче“. Ечеше Охрид со прекрасните стихови на старата народна песна напишана и компонирана од Јонче Христовски во 1964 година, а првобитно изведена од Виолета Томовска и Кирил Манчевски.

Зуица за оваа пригода блесна во преубав елегантен црн фустан со бел детаљ.

фото:Фејсбук/Зуица Лазова

Дамскиот изглед таа го надополни со елегантна пунџа истакнувајќи го деколтето, а шминката ѝ беше умерена и отмена.

 

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....