7.8 C
Скопје
00:05 - 26 април, 2024

Анастасија Богдановска храбро влезе во приказната мода, проверете како и зошто

Ја знаете моделката (и новинарка) Сани? Онаа убавата, витата, која цел живот живее од и за модата. Се разбира, дека ја знаете. Е, Анастасија е нејзина ќерка. А оти, крушата под круша паѓа, и Анастасија живее од и за модата. Сака да патува, сака со свои очи да види и да спореди што се случува во модниот свет, „таму“ и тука. И искрено кажано, оваа преслатка девојка, е вистинско освежување на македонската модна сцена. Не е моделка де, иако изгледа така. Моден новинар е. Професија за која, допрва, ќе се чуе во нашата земја, земајќи ги в предвид, нели, модните изгледи на добар дел од нашите јавни личности.

И еве, вака, си направивме еден муабет со наша Анастасија.

Со Џон Ричмонд

Ја следиш Миланската модна недела „од лице место“. Што најмногу те импресионира на оваа недела на модата?

-Спонтаноста во ексклузивноста. Динамиката во распоредот. Трчањето во „фенси“ облека, а потоа изгледајќи доволно спастрено за појавување на настаните. Како тоа е нормално да се изгледа толку „фешнистички“ на улица. Препознавањето на влез. Првиот ред. Облеката. Облеката! Стајлинзите, изразувањето во модна форма, изборите, материјалите, трендовите, силата… А, и ранливоста во желбата на марките, дизајнерите, посетителите, фотографите, и љубителите пред вратите да се појават или создадат најдобро што можат, и интензитетот кој се чувствува на тој размер. Контактите. Муабетите. Духот во кој овој град (Милано, н,з.) живее во тие денови.

Може ли да направиме некаква споредба помеѓу нашиот Моден викенд и Модната недела во Милано?

– Споредбата е неспоредлива. Можеби, еден од единствените заеднички елементи кои ги имаат, сум јас, како посетител и сведок. Од викенд, тука, до недела таму, од бројни локации, таму, до еден „пинпоинт“ кај нас – од понудата, преку презентацијата до квалитетот на пазарот, драстична е разликата во материјалите, во енергијата, публиката и организацијата, што уште подрастично се одразува на желбата за претставување и желбата за посведочење. И модата. Имаме уште многу „фурни леб“ за јадење, или на италијански јазик, парчиња пица.

Кои се актуелните модни трендови според миланската „улична мода“?

-Ако „улична мода” значи да бидеш забележан по исклучителен стилски израз, тогаш она што е актуелно е токму уличната мода. Додека бројни „фешн-исти“ низ светот сè уште се обидуваат да бидат забележани, по екстрваганца, во последно време миланската улична мода изнесува токму лежерна спастреност каде рафинираниот вкус може да излезе на површина. Повеќе не се впечатливи нападни и доминантно очигледни естетики, ниту парчињата на кои јасно се чита марката се од важност, а вредност за стилски квалитет се дава на умешноста лежерно да се изиграат квалитетни парчиња. Уметност во облекувањето и сопствен стил, од животински принт до намерен одмерен максимализам, се носи жешко розово, внимателно дозирано целосно кожено и измиксани патерни.

Кои трендови пак, се диктираат на миланските модни писти, што ќе носиме догодина?

-Фокусот останува на планетата Земја – вода, воздух, флора, фауна, сонце и земја – и за летните сезони си се поддаваме меѓу светли земјени нијанси и интензивни „тропикал“ тонови, со акцент на зеленото и синото. Следната сезона во тренд е плетеното кое ја допира елегантноста, а коженото менува во посветли бои допирајќи до „кежуал“. Андрогеноста и суптилниот сексипил се насекаде, а и миксот на патерни, со доминантна игра на „зиг-заг.“-от.

Нашите моделки тешко успеваат во европските модни метрополи, зошто?

-Таму, кадешто, важат правила, постои конкуренција и има стандарди, не се поминува лесно и едноставно. Да се биде манекенка повеќе не значи дека треба да си млада, слаба и висока, да – ова се времиња на инклузивност и позитивен став кон телото. Но, треба да се имаат пар константи. Карактер кој манекенката може да го „износи“, да зрачи без убедување, и да го додефинира изразот на парчето кое се носи, без да го доминира. Моќ на трансформација која доаѓа од способноста од себе да се извлечат различностите, да се игра со сопствените лимити и искрено да се трансформира сопствениот лик. Континуирани и целни вежбање, исхрана, нега, читање и едукација… И, ништо без храброста да влезеш во таква приказна, и да го направиш тој чекор во надворешниот и вистинскиот свет на модата, бидејќи инаку, и да влезеш, брзо ќе прегореш.

Според твое „око“, можеш ли да го дефинираш стилот на скопјанката?

-Скопјанка „инфлуенсерка“, скопјанка работна жена и скопјанка запуштенка. Најтрагично е што последната категорија е најинтересна за модна анализа, комбинации  на „не ми е гајле што имам на себе”, кои, всушност, можат да послужат како инспирација, бидејќи претходните две се чиста униформа, ништо ново. Секоја чест на исклучоците кои се десерт за очите, по невозбудливиот оброк на мнозината модни изгледи, секојдневно, кои иако малкумина, сепак, дефинираат нова категорија: скопјанки космополити.

За кои Македонки од јавниот живот можеш да кажеш дека имаат стил?

-Најтешкото прашање на кое, всушност, немам одговор. За мене стил значи игра со себеси, обиди и грешки, и избегнување на сигурна варијанта – 95 проценти од излегувањата од дома, па, за жал, упорно на памет ми „паѓаат“ странски ликови. На инсистирање наши да „паднат на ум“, Сани, независно ми останува икона за стил која од утро до вечер, и за секој различен настан, успева пријатно да ме изненади со стајлинг, мисла и пред сѐ, прикладност во игривоста. A, ако треба да издвојам, од бизнисменки, Олга Костовска, од новинарки Офелија Димковска, а од дизајнерки Росица Мршиќ.

По примерот на мајка ти, твојата професија ја фокусираш на модниот свет. Се живее ли од мода во Македонија?

Не. Ниту од мода, ниту од новинарство, од симбиозата од двете – уште помалку. Само се преживува. Единствен исклучок се само увозниците на брендови на масовно производство, кои директно го преведуваат површно разбраниот поим мода кај широката публика на куповен јазик кој тие го разбираат. За оние, кои малку подлабоко го согледуваат и изневеруваат вистинското обраќање на модата, да се живее од мода во Македонија сè уште не е возможно. И со така поставена модна сцена, која е потребата, а, потоа, и вреднувањето, на професијата моден новинар?

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....