17:14 - 3 април, 2026

Жените конечно признаа: Каков тип на мажи им се допаѓаат најмногу?

На жените најмногу им се допаѓаат мажите со брада, нагласени црти на лицето и цврсти вилици. Научници од Институтот Квинсленд во Австралија испитувале речиси илјада жени, преку кои откриле каков тип на мажи најмногу ги привлекуваат.

Мажите со поизразени црти на лицето и густи бради, на жените им се гледаат како физички, така и социјално подоминантни од останатите, па токму поради тоа овој тип на мажи ги сметаат за најпривлечни. 

Научниците го истражувале и ставот на жените кон неморалот, неверството, сексот и така натаму.

Резултатите покажале дека жените преферираат брадести мажи и не толерираат неморално однесување.

Во истражувањето учествувале точно 919 жени на возраст од 18 до 70 години, а секоја од нив во текот на истражувањето прегледувала по 30 фотографии од тројца различни мажи.

Мажите биле фотографирани со брада и без, а жените давале свој став за  нивниот изглед. 

Научниците од истражувањето заклучиле дека мажите со брада создаваат слика за силен и социјално доминатен маж во потсвеста на жената и поради тоа тие се нивниот омилен тип, пренесува Дејли Мејл.

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....