04:43 - 11 ноември, 2026

Били Ајлиш откри дека размислувала за самоубиство: Мислев дека нема да живеам повеќе од 17 години (ВИДЕО)

Младата поп пејачка, освојувач на пет Греми награди и миленик на сегашните генерации, 18-годишната Били Ајлиш, изјави дека до неодамна размислувала за самоубиство.

Минатата година пејачката се чувствувала толку несреќно што почнала да размислува за тоа да си го одземе животот, откако потонала во длабока депресија поради планетарниот успех кој пребрзо го стекна.

Во интервју за „Си-Би-Ес“, Били зборувала за својата борба со менталното здравје.

– Бев многу несреќна. Не сакав да се опседнувам со тоа, но навистина мислев дека нема да живеам повеќе од 17 години – раскажува таа во интервјуто.

Кога новинарката ја прашува дали некогаш размислувала да се повреди, Били и одговора потврдно, објаснувајќи искуство од една хотелска соба во Берлин.

– Се сеќавам на прозорецот и тоа како плачев мислејќи да се фрлам низ него – објаснува пејачката.

Во песната „I wanna end me“ од 2019 година, постои дел во текстот кој вели – „bury a friend“, во кој таа всушност пее за себеси.

Како што вели, Ајлиш не си го одземала животот само поради својата мајка, која и помогнала да оди на терапии и да го намали интензитетот на турнеите.

Тргнувајќи токму од себе, Били секогаш кога на концерт ќе здогледа луѓе со рани на телото од самоповредување, оди до нив, ги гушка и ги замолува да водат сметка за себеси и да бидат добри кон себе.

– Често се случува фановите да ги зграпчам за рамо и да им кажам да внимаваат на себеси, да бидат добри и фини кон себе. Немојте да се повредувате – порачува Били во споменатото интервју.

Слични објави

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.
Се вчитува....