4.8 C
Скопје
04:50 - 26 април, 2024

Заборавивте важен багаж? Список на предмети што Ви требаат за на одмор

Во летниот период кога патуваме, често се случува да понесеме премногу предмети и облека со себе.

Пред да започнете со пакување за патувањето, направете список на работи што ви требаат на одмор. Подготовката може да биде заморна и стресна, затоа распределете што е неопходно, пеглајте ја гардеробата, наредете ги чевлите и започнете го финалното пакување.

Првата помош е задолжителна

Патувањето е возбудливо, но понекогаш се случуваат несакани повреди. Затоа е добро секогаш да носите мала кеса за прва помош со Вас. Понесете апчиња за главоболки и гадење поради долгиот пат или ако имате проблеми со алергии и климатски промени. Бидете сигурни дека сте понеле и завој во случај на физички повреди.

Гардероба и чевли

Понесете неколку топли работи во случај на промена на температурата. Ако патувате со авион, земете ги предвид ограничувањата за тежината на багажот. Не претерувајте со облека или обувки. Припадничките на понежниот пол носат голем број чевли и гардероба, кои не ги вадат од куферот за време на одморот. Затоа, понесете удобни чевли и пар елегантни чевли ако планирате да излегувате. Облека за спиење, бањарки, долна облека се составен дел од вашиот багаж.

Козметика

Денес, не е потребно да носите голем број шишиња (шампон, мелем, гел за туширање). Можете да купите неколку мали шишиња во аптеките и да ги наполните со шампон или гелови. Ќе добиете и мини козметика во хотелот. Најважното е да не заборавите да понесете крема за сончање со себе.

Лични и скапоцени работи

Доколку носите предмети од голема вредност (лаптоп, таблет, камера, мобилен телефон, накит), пари и лични документи (пасош, лична карта) – секогаш носете ги во посебна торба. Понесете ја вашата полиса за осигурување, меѓународна лиценца за сообраќај и овластување, ако патувате со возило што не е Ваша сопственост. Распределете ги парите на неколку различни места.

Полначи

Ако носите технолошки уреди со себе, задолжително земете полнач за секој од нив. Кога батериите на фотоапаратот брзо се празнат, потребно е да го имате полначот за батерии во некоја од торбите со багаж.

Мантил и чадор

За време на патувањето, не можете да го предвидите времето. Неопходно е да понесете со себе и чадор и наметка за дожд, за да се заштитите од можните врнежи.

Работи за удобно патување

За да го направите Вашето патување удобно, понесете перница за спиење и тенко ќебе. За забава, пожелно е да се понесе интересна книга, списание или игри. Ако буката ве вознемирува, понесете слушалки. Не заборавајте грицки и вода.

Пред да одите на пат, проверете уште еднаш дека сте ги исклучиле сите уреди во станот. Без оглед колку работи носите со себе, оставете простор за сувенири и подароци за вашите најблиски. Среќен пат!

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....