02:06 - 15 септември, 2026

(ВИДЕО) СОВЕТИ ОД АНДРИЈАНА ЛИМА: За изглед на топ модел се потребни само 2 минути!

андријана лима

И покрај тоа што најпознатата бразилска манекенка Адријана Лима се повлече од манекенскиот свет пред 3 години, таа сè уште важи за една од најубавите модели во светот со беспрекорен изглед и совршено извајано тело.

Во една од епизодите за „Beauty Secrets“ на „Vogue“ таа ја покажа својата кратка рутина за шминкање за вечерно излегување, каде изјави дека сака шминка но и не сака да троши многу време на средување.

Во видеото Лима откри како и колку кратко се подготвува, покажувајќи дека за изглед на топ модел се потребни само пар минути.

Лима вели дека не сака тешки пудри кои ја сокриваат нејзината природна кожа, па како основа на нејзината рутина таа користи ББ крема која на своето лице ја нанесува со прсти. Следува лесна шминка на очите, на кои нанесува сенки во неутрални нијанси и маскара.

Адриана обожава руж, и вели дека се чувствува неудобно и бледо кога е без него. Сака да експериментира со бои и да испробува нови трендови, но особено сака црвени нијанси кои даваат свеж изглед.

Неодамна во ексклузивно видео за „Associated Press“ Лима, најпозната како еден од најубавите модели на денешницата, прикажа и како се подготува за црвен килим, за нејзиното појавување на отварањето на Филмскиот Фестивал во Венеција каде носеше црвен свечен фустан – креација на италијанскиот луксузен бренд „Etro“.

40-годишната бразилска убавица беше снимена како се подготвува со часови во нејзиниот апартман во хотел со тим од кројачи, шминкери и фризери, кои ја дотеруваа бразилската убавица за нејзиното појавување пред камерите на црвениот килим на Филмскиот Фестивал во Венеција.

Слични објави

(Фото) Крзнен шал наместо здолниште и обична бела маица – Сенида во необично издание на настап

Еспресо

Саша Ковачевиќ имал операција, а само три дена подоцна застана на сцената

Еспресо

(Фото) Изненадување од саканиот – романтичен роденден на Цеце Николова

Еспресо

Жешки сцени од спалната соба — Теодора Џехверовиќ направи хаос на социалните мрежи

Е.А.

(Фото) „Мојот херој“: Емотивна приказна за помалиот син на Панчо, Марјан

Еспресо

Љубов за која сите зборуваа — Анѓелка го остави мажот, па се омажи за неговиот близок пријател

Е.А.
Се вчитува....