03:45 - 19 август, 2026

(ВИДЕО) „МИ ГО СПАСИВТЕ ЖИВОТОТ“: Пред нејзиниот дом наишла на симболот „1F“, а потоа почнале да и пристигнуваат вознемирувачки пораки!

Џејд Џулс од Сент Џонс (Канада) им се заблагодари на своите следбеници на социјална мрежа „Тик Ток“ кои „и го спасија животот“, предупредувајќи ја дека чуден симбол испишан на снегот пред нејзината куќа значи дека може да биде цел на грабеж, киднапирање или трговија со луѓе.

Таа се збунила кога го видела симболот „1F“ испишан на снегот на капакот од корпата за отпадоци пред нејзината куќа, па го снимила и го објавила видеото на социјална мрежа, барајќи помош од нејзините следбеници. Многу брзо по нејзината објава, на нејзиниот профил започнале да пристигнуваат вознемирувачки пораки со предупредување дека тоа е симбол оставен од членовите на некоја банда пред куќите на жени кои живеат сами, така што другите што дејствуваат во оваа област ќе знаат дека се лесна цел за грабеж, трговија со луѓе или силување.

„Што и да кажам ќе биде малку, благодарна сум на секој што ме коментираше и ме предупреди да внимавам и да не ја објавувам адресата. Моите следбеници ми го спасија животот“ – напиша Џејд.

На првото видео, кое го објави на социјалната мрежа на 12 јануари е снимка како се симнува по скалите и објаснува дека го видела симболот кога ја испразни корпата со отпадоци. Тогаш таа прашала: „Што треба да значи ова!?“

Видеото имало 12,6 милиони прегледи и повеќе од 40 000 коментари.

Следниот ден, таа објавила уште едно видео во кое ги известила своите придружници дека повикала полиција, но дека тие „не сториле ништо“.

„Само дојдоа и го избришаа симболот. Ми рекоа да внимавам и да се скријам, ако имам безбедно место, да не бидам сама“, кажува Џулс на видеото.

После тоа, таа заминала кај нејзината мајка и оттогаш не се вратила дома.

„Умрев од страв. Отпрвин мислев дека е шега, но по сите тие коментари и пораки, дојде мајка ми по мене“, споделила Џејд со своите следбеници, а притоа додала дека е безбедна и дека нејзината мајка ќе се пресели да живее со неа.

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Симболите што ги пишуваат бандите се предмет на полициска дебата: некои администрации издадоа предупредувања, додека други ги отпишаа како непријатни шеги, пренесува „Daily mail“. Во 2015 година, локалната полиција во Ланаркшир (Шкотска) објави список со симболи на социјалните мрежи и нивните значења: од „соодветна цел“ до симбол во форма на цвет, што значи дека станува збор за „богат“ плен.

Во 2019 година, експертите за безбедност на компанијата „Savegarding Hub“ ја предупредија јавноста за симболите, потврдувајќи дека тие се легитимни, но дека тие „многу ретко“ се користат. И покрај тоа, тие ги советуваа сите што живеат со стари лица или болни или се грижат за нив да преземат посебни мерки на претпазливост доколку забележат необичен симбол пред нивниот имот.

 

Слични објави

Момчето кое Карлеуша јавно го пофали ѝ упати јавна порака: „Моја лавице, те сакам“

E.A.

Ќе седи рамо до рамо со Карлеуша: Дара Бубамара ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, уловена во Пинк ТВ

Еспресо

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо

Живеела во беда, одела на училиште со чевлите на татко ѝ, децата ѝ се потсмевале, а денес е главна ѕвезда на црвениот килим во Сараево – која е Разија Чолаковиќ?

Еспресо

Пејачка ограбена во манастир, останала без пари и документи, ги открила деталите од кражбата

Еспресо

Ханка Пладум на 70 години како манекенка, на црвениот килим со елегантната креација порача „стоп за војната“

Еспресо
Се вчитува....