17.8 C
Скопје
11:18 - 22 октомври, 2026

(ВИДЕО) Блогерката САРА е ЖРТВА НА СЕКСИЗАМ од страна на ГИНЕКОЛОГ: Го замолив да ме стерилизира, но тој ме одби само затоа што не бев во брак!

Блогерката Сара Џо Баскин неодамна споделила видео на социјалната мрежа „ТикТок“ во кое зборува за своето трауматско искуство со гинеколог по нејзината втора бременост.

На популарната социјална мрежа многу девојки и жени самоиницијативно споделувале непријатните ситуации и сексистички изјави кои лично ги доживеале во текот на нивните животи.

Искуството на Сања многу брзо станало „вирално“, а речиси милион и пол луѓе започнале да ја следат на социјалната мрежа по нејзиното споделено искуство. Сара исто така истакнала дека се сè случило пред 10 години, кога била помлада и понесовесна и дека денес, со оваа мудрост и зрелост, ќе го пријавела гинекологот, пренесува „The Sun“.

 

„Имав 27 години и само што го родив моето второ дете кога го прашав гинекологот што мисли за женска стерилизација, односно лигатура на јајцеводите како метод на контрацепција“, ја започнала својата приказна сега веќе 37-годишната жена, додавајќи дека сериозно размислувала на таа тема бидејќи за малку ќе умрела при второто породување.

Гинекологот и одговорил дека нема да го стори тоа што Сара го побарала од него само затоа што Сара не била во брак.

Сара го прашала зошто е тоа важно кога таа е полнолетна, а со тоа и одговорна за своето здравје и живот, на што гинекологот и објаснил дека „одлуката за стерилизација може да ја донесат само брачна двојка, жена и маж, а не само жената“.

Нејзината приказна предизвикала огромно разочарување од корисниците на социјалната мрежа „ТикТок“, а голем број жени се прашувале дали истото ќе го кажат на некој маж на иста возраст.

Сара одговорила и на коментарите на оние кои на некој начин ја поддржале контроверзната изјава на докторот, истакнувајќи дека тој очигледно бил во право затоа што денес „благодарение на него“ таа има три деца.

„Тогаш бев зрела за таква одлука затоа што јас и мојот син за малку ќе умревме при породувањето и мислам дека мојата одлука да имам уште едно дете, осум години подоцна нема никаква врска со неговото одбивање да спроведе законска и нормална постапка, само затоа што не бев во брак“, објаснила таа.

На крајот, Сара додала дека со оваа приказна само сакала да покаже дека секоја жена има право да донесе своја одлука за своето тело, дури и истата да е погрешна.

Слични објави

(Фото) Хрватската актерка Миа Беговиќ се огласи по свадбата на нејзината внука Лана: „Ве прегрнувам со гордост, во име на Ена и мое“

Еспресо

(Фото) Откако тајно се венчаа по 12 години љубов, Реља откри дали Николија го земала неговото презиме

К.С.

(Фото) Ирена Спировска во златен фустан на свадбена прослава — водителката позираше покрај саканиот Душко

К.С.

Хороскоп за 22 октомври: Скорпиите ќе бидат расположени, Јарците ги очекува средба со најблиските

Еспресо

(Видео) Сулејман и Хурем повторно заедно – Халит Ергенч и Мерјем Узерли се појавија на премиера на филм држејќи се за раце

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ објави фотографија со покојниот брат и ги растажи сите: „Таа рана никогаш не зараснува“

Еспресо
Се вчитува....