19:04 - 11 ноември, 2026

РУСКИТЕ ИНФЛУЕНСЕРКИ ВО СОЛЗИ: Путин од утре ги гаси социјалните мрежи

Руска инфлуенсерка заплака пред своите милиони следбеници на Инстаграм. Причината за тоа е што Русија наскоро ги затвора Инстаграм и Фејсбук.

Имено, Москва покрена кривична постапка против компанијата Мета, која е сопственик на Фејсбук, тврдејќи дека се работи за екстремистичка организација која дозволува смртни закани за руски војници. Мета пак, тврди дека Русија отсекла 80 милиони Руси од Инстаграм и им го зела лебот на инфлуенсерите.

– Дали мислите дека Инстаграм е само извор на приход за мене? Инстаграм е живот за мене. Се будам поради него, одам да спијам со него е*ени пет години – низ липање зборува руската инфлуенсерка во видеото објавено од NEXTA, платформа која има за цел да го открие вистинскиот живот на Русите под владеењето на Путин.

Од утре стартува забраната за користење на Инстаграм и други социјални мрежи во Русија, а на тоа се пожалија и познатите руски инфлуенсерки Лиза Лукашева и Ана Иванова кои ги повикаа своите следбеници да се префрлат на Телеграм и руската верзија на Фејсбук – VKontakte.

– Милиони приказни, илјадници објави, илјадници среќни спомени што ги споделив со вас, вашата поддршка, љубов, музика што можев да ја споделам со вас, сето тоа не обедини во едно големо инста-семејство. Речиси пет милиони луѓе за десет години. Сигурна сум дека работите ќе се подобрат, но сега само ви посакувам мир и сила да го преживееме ова. Ве чекам на Телеграм и ВК групата – рече Иванова, која ја следат 4,4 милиони луѓе.

Директорот на Инстаграм Адам Мосери потврди дека одлуката на Русија да ги блокира социјалните мрежи значи дека милиони Руси ќе останат без пристап до оваа апликација.

– Во понеделник Инстаграм ќе биде блокиран во Русија. Оваа одлука ќе раздели едни од други со остатокот од светот дури над 80 милиони луѓе во Русија. Осумдесет проценти од луѓето во Русија следат некој Инстаграм профил надвор од нивната земја. Ова што се случува не е во ред – напиша Мосери на Твитер.

 

Слични објави

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо
Се вчитува....