2.8 C
Скопје
11:46 - 19 декември, 2024

Вашиот партнер не сака секс? Ова се причините!

Ако партнерот или партнерката ретко или веќе никогаш нема раположение за секс, тоа влијае на врската и односот меѓу вас. Доколку со раговор не можете да дознаете кои се причините, погледнете ги околностите и претходното однесување на двајцата. Ова се најчестите причини за намалено либидо кај жените и кај мажите.

Здравствен проблем

Доколку вашиот партнер има некаков здравствен проблем кој го лекува, можно е од самата терапија неговата желба за секс да биде значително намалена, дури и исчезната, тука ниту тој ниту вие не сте виновни за тоа. Здравствените проблеми, поточно психичките се пречка за рековна сексуална активност.

Финансиски проблеми

Со оглед на тоа дека проблемите со пари се една од најчестите причини за раскинување на врска и развод, не изненадува фактот дека финансиските грижи може да предизвикаат несогласувања и кај најхармоничните партнери.

Недостаток на внимание

Во денешно време речиси е невозможно да седнете да гледате филм дома или да излезете на вечера без најмалку еден од вас да гледа во телефонот на секои пет минути. Ако вие сте партнерот кој тоа почесто го прави, помислете дали му посветувате повеќе време на телефонот или на саканата личност.

Недоволна физичка спремност и несигурност во сопствениот изглед

Ако партнерот или партнерката качиле некој килограм или немаат кондиција како некогаш, тоа може значително да влијае врз самодовербата и желбата за секс. Ако правите шега на нивна сметка на овие теми, тие не го доживуваат тоа како мотивација за подобрување на состојбата, туку само се вовлекуваат подлабоко во себе. Бидете полни со поддршка и ставете им до знаење дека ги сакате за тоа што го имаат во срцето и главата, а не поради начинот на кој изгледаат. Сепак, на убав начин укажете им дека за нивно добро треба да почнат да вежбаат.

Не им се допаѓа тој тип на секс

Понекогаш луѓето сфаќаат, дури и по одредено време во врска со истата личност, дека веќе не ги возбудува „вообичаениот“ секс, туку имаат потреба од поинаква сексуална возбуда. Проблемот се јавува кога не можат тоа да им го кажат на партнерите со кои претходно имале „обичен“ секс, па целосно ја повлекуваат интимата од врската.

Во секој од овие случаи најмногу ќе помогне искрен разговор и споделување на проблемот за да може заеднички да одлучите дали има решение и колку тоа ќе влијае врз вашата врска.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....