7.8 C
Скопје
23:46 - 1 април, 2026

ТРИ ЛОШИ НАВИКИ КОИ ГИ ИМААТ САМО ИНТЕЛИГЕНТНИТЕ ЛУЃЕ: Дали сте меѓу нив?

Пцуењето, доцното будење и нередот често се сметаат за лоши навики. Сепак, тие можат да откријат нешто сосема друго за нас.

Дали оставате неред и пцуете многу? Луѓето околу вас веројатно често ве осудуваат поради тоа. Сепак, новите студии покажуваат дека луѓето кои ги поседуваат овие особини се украсени со исклучителна интелигенција.

Според психолозите, овие навики се показатели за остар ум и висока интелигенција, пишува „Curios Mind Magazine“, пренесува DDL“.

Неуредност

Нередот најчесто се поврзува со неорганизираност, што резултира со намалена продуктивност. Сепак, психолог од Универзитетот во Минесота открил дека луѓето чиј животен простор е неуреден се поинтелигентни и имаат повисок коефициент на интелигенција .

И навистина, кога вашиот ум се занимава со големи работи, грижата за уредноста е на дното на вашата листа на приоритети. Во некои случаи, неуредната соба може да значи дека сте многу креативна личност.

Доцно будење

Кога останувате будни до доцна и морате да станете рано бидејќи одите на работа, веројатно секогаш сте уморни и затоа луѓето ве доживуваат како мрзелив човек. Имено, станува збор за тоа дека вашиот деноноќен ритам работи поинаку отколку кај другите луѓе.

Она што е интересно е дека научниците пронашле врска помеѓу деноноќниот ритам на луѓето и нивните нивоа на интелигенција. Студијата објавена во списанието „Psychology Today“ покажа дека луѓето кои остануваат будни до доцна и се будат доцна наутро имаат повисок коефициент на интелегенција.

Пцуење

Пцуењето отсекогаш имало лоша репутација. Луѓето кои пцујат често се доживуваат како вулгарни и груби. Меѓутоа, студијата спроведена на колеџот Марист во Њујорк го покажа спротивното – луѓето кои често пцујат се поинтелигентни, имаат побогат речник и подобри реторички вештини.

Покрај тоа, тие се поискрени затоа што пцуењето е поврзано со искрени емоции. Тоа значи дека луѓето кои почесто пцујат ќе го покажат своето вистинско лице и ќе искажат искрени чувства.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....