11:39 - 12 ноември, 2026

ЕДЕН ВИТАМИН, НЕОПХОДЕН ВО ЗИМСКИОТ ПЕРИОД: Постарите лица, бремените жени, децата и веганите треба задолжително да го користат

Витаминот Д стана популарен за време на пандемијата како еден од големата листа на задолжително додатци во исхраната, но неговата основна намена не треба да се заборави и оваа зима. Витаминот Д3 има репаративна и превентивна функција. Може да превенира одредени болести, како и да ги излечи оние болести кои се поврзани со неговиот недостаток.

Овој пат ќе наброи каде витаминот Д е неопходен особено во зимскио период кога сонцето не напушта.

Задолжителен суплемент за вегетаријанците и оние кои воопшто не конзумираат риба

Диетски, витаминот Д најчесто се внесува преку мрсните риби, кои не се вклучени во
исхраната на веганите и вегетаријанците, па така тие спаѓаат во ризичните групи кои е
најверојатно да имаат дефицит од овој витамин.|

Луѓето во поодминати години имаат поголем проблем со метаболизирање на
овој витамин

Недостатокот на витамин Д кај повозрасната популација се поврзува со голем број на
здравствени проблеми. Овој недостаток може да доведе до остеопороза, слабост на
мускулите, фрактура на колк, дијабетес, рак, срцеви болести, артритис и генерално
лошо здравје.

Балансирани вредности од овој витамин се од есенцијално значење за најмладите

Недостатокот на витамин Д е најчестиот предизвикувач на рахитис кај децата. Доволно
е да се каже дека овој витамин е еден од најважните витамини на кој мора да му се
посвети внимание кај помалите деца кои се во развој како би се избегнале проблеми со
коските и метаболизацијата на минерали и калциум.

Витаминот Д игра голема улога кај бремените жени

Бремени жени кои имаат недостаток на витамин Д се претпоставува дека имаат
поголем ризик од развивање на ризик за породување со царски рез. Исто така, ниските
вредности од овој витамин во тек на бременост додаваат на ризикот од гестациски
дијабетес мелиус кој се јавува исклучиво во бременоста, како и поголем ризик од
развивање на бактериска вагиноза.

Дефицит на овој витамин се јавува и кај релативно здрави личности во зимските
месеци кога нашето тело не е изложено на директна сончева светлина.

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....