1.8 C
Скопје
03:58 - 23 февруари, 2025

ТРИ ДЕНА ПРЕД СМРТТА: Што чувствуваат луѓето кога ќе им дојде судниот час?

Во човековата природа е да се плашиме од смртта и тешко ни е да зборуваме за тоа, како и да присуствуваме во моментите кога некој го напушта овој свет. Меѓутоа, можеби токму оние кои се на прагот на смртта ја разбираат многу подобро отколку ние и можат да ни пружат утеха за најголемиот страв со кој секој од нас живее.

Фото: Unsplash

Патриша Пирсон, новинарка и авторка на книгата „Отворање на вратата на рајот: Истражувачки приказни за животот, смртта и она што доаѓа потоа“ (Opening Heaven’s Door: Investigating Stories of Life, Death, and What Comes After) ги опишува резултатите од своето истражување на темата „Преминување на другата страна“.

Сѐ започнува 72 часа пред смртта. Бидејќи во рок од 9 недели ги изгубила и сестра си и татко си, таа се посветила на она што се случува после смртта. Интервјуирала десетина луѓе чија професија се поврзува со неизлечливи пациенти, прашувајќи ги како тие ги доживуваат посебните искуства со оние на умирање, па и со оние кои се имаат „вратено од мртвите“, односно доживеале клиничка смрт.

Фото: Unsplash

Сфатила дека луѓето чувствуваат кога ќе им дојде судниот час. Во период од 72 часа пред смртта, тие почнуваат да зборуваат за метафорични патувања. Терминологијата се разликува, па едни ги бараат своите чевли, други авионските карти, а трети повторуваат дека сакаат „да си одат дома“, иако всушност се дома.

„Во моментите додека лежеше на смртна постела, мојата сестра, заболена од рак на дојка, упорно повторуваше ‘јас не знам како да си одам’, а дури спомнуваше и некои ‘несреќни стјуардеси’.“

Болничарката Меги Каланан, која работела во Центарот за палијативна нега во Вирџинија го забележува прашањето на еден пациент заболен од рак на панкреасот кое го поставил токму во смртниот час: „Дали мојата жена знае сѐ во врска со пасошите и картите?“

Мери сковала и посебен термин „свест за блиска смрт“ и го користи во својата книга „Финални подароци: разбирање на специјалната свест и потребите на оние на умирање и комуникација со нив“. Таа била во ситуација да негува стотина пациенти сѐ до својата смрт и смета дека визиите за патувањата не се чиста случајност.

Фото: Unsplash

Смртниците често имаат привидувања за кои здравите луѓе веруваат дека се просто резултат нa јаки аналгетици, но дали е всушност така?

Во една голема меѓународна студија, која ја спровеле психолозите д-р Карлис Осис и д-р Ерлендур Харалдсон од Исландскиот универзитет, е утврдено дека повеќето пациенти кои сѐ уште свесни неколку часа пред својата смрт ги гледаат своите сакани кои веќе имаат починато, без разлика на тоа дали примале такви лекови или не. Студијата опфатила личности од сосема различни култури од САД и од Индија.

„Кога разговарав со пациентката Одри Скот (84), која умираше од рак, ми зборуваше како на посета ѝ дошол нејзиниот посвоен син Френки, кој инаку починал неколку години претходно. Тој, според нејзините зборови, седел мирно во фотелјата покрај неа кога и да дошол.“

Слични објави

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо
Се вчитува....