23:22 - 13 ноември, 2026

Славната тенисерка Халеп се мажи за милијардер од Македонија! (ФОТО)

Тенискиот свет би можел да биде сведок на уште една свадба на играч од топ класата, поточно тенисерка. Претходно шпанскиот тенисер Рафаел Надал стапна на „лудиот камен“, а сега романската тенисерка Симона Халеп (28) од Романија е чекор поблиску до свадба, откако нејзиниот татко му даде „зелено светло“ на нејзиното момче Тони Јурук (40), но по еден услов.

Од младоженецот побарал да се помести свадбата за септември наредната година, односно после учеството на грен слем турнирот „УС Опен“.

facebook.com/RevistaVIVA

Таткото сака неговата ќерка и наредната година да настапува на сите четири грен слем турнири.

Симона и Тони се една година во врска. Тони е инаку Влав со потекло од Македонија. Милијардерот е и сопственик на неколку фирми.

View this post on Instagram

… to you ! #unforgettableday #special #madeit

A post shared by Simona Halep (@simonahalep) on

Халеп е една од најпознатите спортски личности во Романија. Моментно шестопласирана на тенисерка ужива во овој спорт.

Лани го освои „Ролан Гарос“, а годинава „Вимблдон“. Минатата година играше во финалето на „Австралија Опен“, додека во 2015 стигна до полуфиналето на „УС Опен“.

Истакнува и дека нејзиниот брак би бил приоритет во животот, а за потенцијалната свадба со Тони вели дека би сакала да се одржи во Романија.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....