3.8 C
Скопје
22:14 - 20 декември, 2024

За жени над 40 години: Девет плода против стареење

Убавата и сјајна кожа е состојба кон која секој човек се стреми, независно од тоа на која возраст се наоѓа.

Сепак, жените, особено оние над 40 години, постојано се обидуваат со помош на најразлични кремови, маски и лосиони, да ја постигнат оваа цел, бидејќи во периодот на менопауза кожата е еден од човечките органи што е најподложен на промени. Токму поради тоа, се јавуваат огромен број брчки, но и опуштање на кожата особено во пределот на градите и вратот.

Токму во обид да се спречи или да се сведе на минимум ваквата појава, нутриционистите советуваат освен со козметички препарати, цврстината на кожата да ја зачувате и со промена на начинот на исхрана односно со воведување девет најдобри и најефикасни намирници, кои ќе ѝ помогнат на кожата да остане сјајна и цврста без разлика на возраста.

Салата од ’ркулци

Иако малкумина од нас знаат, речиси од сите житни култури самите во домашни услови можеме да си направиме ’ркулци. Имено, сè што треба да направите е да земете една житна култура, како што е на пример житото, да го исчистите од нечистотиите и да го оставите во топла просторија каде што по неколкупати дневно ќе го миете со вода.

Доколку ова ви изгледа комплицирано, житарката можете да ја ставите и во цедалка што ќе стои во близина на чешмата па секогаш кога ќе отидете да пиете вода, неколку секунди пуштете да помине млаз вода низ житарката. Така, во рок од неколку денови, житарката ќе изрти, а по неколку денови ќе можете од нејзините зелени израстоци да направите салата.
Оваа салата од ’ркулци ќе ги задоволи потребите на дневно ниво од калциум, калиум, манган, фосфор, како и од витамините А, Ц, К, Б1 и Б2.

Салатата од ’ркулци ќе ја забрза циркулацијата во кожата, а таа во комбинација со витамините А и Ц, може да ги неутрализира штетните слободни радикали и на тој начин ќе помогне во намалувањето на грчките на лицето.

Црвени пиперки

Во составот на црвените пиперки се наоѓаат голем број антиоксиданти, кои се незаменливи кога станува збор за третманите против стареењето. Поради високото количество витамин Ц што го содржат, тие се одлична намирница за потпомагање на производството на колаген.

Папаја

Оваа исклучително вкусна намирница е богата со антиоксиданти, витамини и минерали, кои можат да ја подобрат еластичноста на кожата и да ја намалат појавата на ситни линии и брчки по нејзината површина.

Во составот на папајата концентрирани се витамините А, Ц, К и Е како и калциум, калиум, магнезиум, фосфор и сите витамини од групата Б.

Широкиот спектар антиоксиданти во папајата помагаат во борбата против појавата на слободни радикали и може да ги забави знаците на стареење. Папајата исто така содржи ензим што се вика папаин, кој исто така многу ќе помогне во борбата против стареењето.

Боровинки

Боровинките се богати со витамините А и Ц како и со антиксиданти кои се именуваат како антоцианин. Токму тие на боровинките им ја даваат карактеристичната боја.
Овие моќни антиоксиданти можат да ја заштитат кожата во лето кога изложеноста на сонце е поголема.

Брокула

Брокулата има противвоспалително дејство и нè снабдува со витамините Ц и К, најразлични антиоксиданти, растителни влакна, фолна киселина како и калциум.
За да произведува поголеми количества колаген, на вашето тело потребни му се поголеми количества витамин Ц, кој на кожата освен здравје ќе ѝ даде и еластичност и сила.

Спанаќ

Спанаќот е исклучително добар за хидратација на кожата. Тој е полн со антиоксиданти како и со витамините А, Ц, Е и К и со магнезиум. Високото ниво на витамин Ц го зголемува производството на колаген, кој ја одржува цврстината на кожата. Витаминот А пак помага косата да биде сјајна и блескава и да има помалку испукани врвови.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови, особено бадемите, важат за богати со витамин Е, кој може да помогне во обновувањето на кожното ткиво, а успешно помага и во заштитата на кожата од штетните УВ-зраци. Оревите, пак, ја задржуваат влажноста на кожата, а поради присуството на омега-3 масни киселини, со нивно редовно внесување во исхраната, ќе ја заштитите и од појава на брчки околу очите и околу устата.

Авокадо

Авокадото е исклучително ефикасно во борбата против појавата на воспалителните процеси во телото, вклучувајќи ги тука и воспалителните процеси на кожата. Во составот на ова растение се концентрирани витамините К, Ц, Е и А како и сите витамини од Б групата.

Сладок компир

Портокаловата боја што се наоѓа во внатрешноста на компирот доаѓа од антиоксидантот именуван како бета-каротен што се претвора во витаминот А. Овој исклучително важен витамин, помага во зацврстувањето на кожата и во одржувањето на нејзината еластичност.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....