15:14 - 13 ноември, 2026

За три дена, три килограми помалку без гладување: Ова е диетата на Софија Лорен!

Софија Лорен важи за една од најголемите заводници, а оваа диета и’ помагала секогаш да биде во топ форма, а и денес се држи до овие правила.

Италијанската актерка тврди дека физичката активност е неопходна, но и дека овој тридневен детокс многу и’ помага за телото да и’ остане фит.

Правила на диетата:

Во рок од три дена би требало строго да се придржувате до препорачаниот распоред на оброци и состав на производи. Оваа диета ќе ви помогне да изгубите 1-3 килограми.

Основната предност на оваа диета е што трае само три дена, но во исто време нуди доволно разновидно мени. Во текот на овие денови нема да почувствувате голема потреба за храна, а килограмите брзо ќе исчезнат.

Прв ден

Појадок:

1 варено јајце и 170 мл свежо цеден сок од портокал

Ручек:

Салата од зеленчук (домати, краставици, пиперка и слично), 60 г печено пилешко, парче сирење со ниска масност

Вечера:

200 г тестенини, 100 г варени шкампи, салата со спанаќ, маслиново масло и јаболка

Втор ден

Појадок:

100 г житарки, чаша варено млеко

Ручек:

100 г немасно сирење, овошна салата

Вечера:

200 г тестенини, 115 г мисиркини месо на пареа, салата, круша

Трет ден

Појадок:

1 парче леб од пченично брашно и сирење со ниска масност

Ручек:

115 г печено пилешко, зелена салата

Вечера:

170 г ниско масно сирење, лазањи со салата од зеленчук со маслиново масло, 2 праски.

 

Остатокот од времето Софија Лорен го препорачува следниот принцип на исхрана:

Често јаде ананас, бидејќи овој производ ефикасно ги согорува маснотиите. Никогаш не користи масни сосови на база на павлака и мајонез, туку нискокалорични (како што се сок од лимон, оцет балзамико и други)

Речиси никогаш не пие алкохол.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо
Се вчитува....